Синџирот на команда и почитувањето на наредбите се два концепта кои се од суштинско значење за воениот успех. Но, во војската секогаш имало и луѓе кои не ги почитувале наредбите. Овој пат, нивната непослушност спасила многу животи. Таков е и конкретниот случај.
Советскиот потофицер Васили Аркипов ја спречи кубанската ракетна криза да не ескалира, само со својата непослушност и делување според своето убедување. Во текот на 13 дена во октомври 1962 година, познати како Кубанска ракетна криза, Соединетите Држави и Советскиот Сојуз едвај избегнаа нуклеарна војна што би ја опустошила планетата. Но, иако преговорите меѓу претседателот Џон Ф. Кенеди и премиерот Никита Хрушчов беа успешни, војната речиси и ќе се случеше заради забуна на капетан на подморница.
Заедно со уште тројца, советската подморница Б-59 била стационирана на Карибите. Била опремен со нуклеарна ракета со речиси иста деструктивна моќ како бомбата фрлена врз Хирошима. Подморничката флота имала наредба да ги нападне американските сили доколку биде испровоцирана, без да биде потребно одобрение од Москва. Кога американската морнарица ги открила подморниците и почнала да фрла длабински полнења(бомби) во близина, командантот на Б-59, Валентин Савитски, помислил дека војната започнала и наредил ракетата да се лансира.
Меѓутоа, на бродот бил и командантот на флотата Васили Александрович Аркипов. Аркипов почувствувал дека Американците само се обидуваат да ја извлечат подморницата на површина и дека таа не е во опасност. Со овој чекор Аркипов придонесе за избегнување на нуклеарна војна и потенцијално спаси милиони а можеби и милијарди човечки животи.