дома Вести Организиран Отворен Ден на Rotary Club Skopje East

Организиран Отворен Ден на Rotary Club Skopje East

Сподели го ова:
Денес како дел од своите активности, Rotary Club Skopje East успешно го организираше „Отворениот ден“ на клубот. Како дел од своите активности и со цел да биде препознаен како клуб кој работи за доброто на заедницата каде што делува, односно клуб кој ветува реализација на поголеми филантропски проекти, покажа дека и најмладите клубови се агилни и спремни да се носат со предизвиците кои ги имаме како хуманитарни организации.

Пред присутните беа презентирани најбитните информации за Ротари како меѓународна организација, целите кои ги има, проблемите на кои се фокусира и начините како може да се пристапи до организацијата.

Иако можеби е најмладиот Ротари Клуб во Македонија, покажавме дека членовите се високо мотивирани, имаат идеи и знаења со кои неизбежно ќе бидат препознаени во Дистриктот каде делуваат.