дома Занимливости Авицена, еден од најпаметните луѓе во целата историја

Авицена, еден од најпаметните луѓе во целата историја

Сподели го ова:

Абу Али Ал-Хусеин Абдалах Ибн Сина (980-1037) е, едноставно кажано, еден од најпаметните луѓе во целата историја, попознат на Запад како Авицена. Тој бил син на локален функционер, чиј дом на територијата на денешен Ирак, бил место за средба на учените луѓе од тој крај.
Авицена бил самоуко дете. Кога имал девет години, тој веќе го знаел напамет Куранот, како и бројни дела од арапска поезија. До шеснаесеттата година тој детално студирал физика, математика и логика, така што на 21 година веќе бил познат лекар.
Се претпоставува дека Авицена напишал над 450 дела, од кои една третина спаѓаат во филозофија. Меѓу неговите дела е и книгата „Китаб ал-шифа“ (Книга за исцелување) – општ преглед на математиката, логиката и природните науки, која се смета за најголемото дело од ваков вид напишано од еден човек. Автор е на „Медицинскиот канон“, кој со векови се третира како најавторитетен медицински текст во светот. Благодарение на него, имаме точен опис на ирисот, кожата на очите, механизмот за прилагодување на очите и положбата на мускулите во очниот отвор. Авицена ја извршил првата дестилација, а се занимавал и со стоматологија.
Покрај чувството за наука, Авицена бил надарен и во политиката, па голем број политички лидери побарале негова помош во решавањето на државните работи. За жал за овој научник/доктор/математичар, во тоа време делот од Персија каде што живеел бил политички нестабилен. Авицена поголемиот дел од своите зрели години ги поминал патувајќи меѓу селата и градот, обезбедувајќи медицински услуги и  административни работи преку ден, додека ноќе пишувал трактати за широк спектар на области, од музика, механика до метафизика (Иако ја читал Метафизиката на Аристотел четириесет пати, тој тврдел дека дури откако го прочитал делото на Ал-Фараби „За метафизичките објекти“ успеал конечно да го разбере). Ибн Сина се залагал за метафизичко учење (дахри), според кое процесот на светските настани нема почеток или крај во времето, туку е еден вид еманација. За Авицена светот е вечен и никој не го создал, туку е условен од вечен бог кој постои надвор од времето.
Бил многу активен дури и за време на неговата болест во последните неколку години од неговиот живот. Кон крајот на животот се занимавал и со астрономски истражувања.