дома Вести Ротари Клуб – Скопје Исток слави една година постоење

Ротари Клуб – Скопје Исток слави една година постоење

Сподели го ова:

Ротари Клубот Скопје Исток гордо го прославува својот прв роденден, прва годишнина, изразувајќи признание кон своите членови и заедницата во која делува. Овој непрофитен клуб, кој е дел од светската Ротари мрежа, преку своите активности веќе една година се труди да ги подобри условите на живот на луѓето и да предизвика позитивни општествени промени.

Сепак, иако клубот постои само една година, неговото влијание и видливост веќе е присутно во заедницата. Успехот на клубот се должи на мотивираниот млад тим, коj професионално и организирано ги претвора хуманите идеи во реални акции кои се препознаени во заедницата.

Во таа насока ги поканува сите заинтересирани да бидат дел од овој настан, со што ќе го поддржат клубот во своето делување. Повеќе информации за настанот можете да најдете на следниот линк.

Прославата ќе се одвива на 29.05.2023 година во БИС бар, на ул. Драгиша Мишовиќ бб, Скопје.
Влезниците за членови на Ротари клубовите изнесуваат 2000 ден, додека за пријатели на клубот влезницата изнесува 1500 ден.
Настанот ќе има и хуманитарен аспект со тоа што дел од средствата кои ќе бидат собрани на настанот ќе бидат користени во хуманитарни акции во заедницата.

Споделете ја информацијата за оваа прослава на солидарност, хуманост и посветеност кон позитивни и хумани оптествени промени.

Ротари Клубовите се посветени на промовирање на меѓународното разбирање, мирот и хуманизмот. Со фокус на социјалната одговорност, клубот активно се ангажира во различни заеднички проекти и активности, што вклучуваат хуманитарни акции, волонтерство, образование, и многу други теми.

За повеќе информации, контактирајте не на [email protected]