Денес, традиционално како и 12 години претходно на овој ден, Лајоните од Лајонс клубот Вардар засадија 25 рози во дворот на ФЕИТ и Машинскиот факултет во Скопје.
Традицијата која ја има овој клуб ги рефлектира нивните хумани вредности, желбата за мир и служењето на заедницата, покажа дека различните генерации кои поминале низ клубот заеднички се трудат да ја пренесат оваа пракса и во иднина.
На настанот освен членовите на клубот присуствуваа и видни личности од средината каде делуваат.
Од страна на познатиот ликовен уметник Живко Поповски Цветин, беа доделени подарок слики на Проф. Д-р Роберт Миновски – Продекан на Машинскиот Факултет, и на Проф. Д-р Димитар Ташковски Декан на ФЕИТ.
Насликани цветови како подарок за своето работење, делување во клубот и промовирање на Лајонизмот доби и Претседателот на ЛК Вардар Проф. Д-р Влатко Стоилков.
Пригодни зборови изразени преку стиховите на Оливера Јовановска и Горан Анчевски доби за своето работење и влијание, познатиот уметник Живко Поповски Цветин.
Лајоните уште еднаш покажаа дека умеат да ја пренесат хуманоста, да се организираат и да прават хумани дела.