дома Вести На состанок на Ротари клубот Скопје-Исток, гостуваше министерот за информатичко општество и...

На состанок на Ротари клубот Скопје-Исток, гостуваше министерот за информатичко општество и администрација

Сподели го ова:

Како доказ за различните нивоа на комуникација и настојувањата да се прават позитивни општествени промени, Ротари клубот Скопје – Исток, честопати на своите состаноци поканува видни лица од општественото окружување, со кои се разговара за заеднички активности и проекти за бенефит на заедницата.

Минатиот состанок гостин на состанокот беше Министерот за информатичко општество и администрација, господинот Азир Алиу. Во рамките на овој состанок, присутните Ротаријанци обраќаа внимание на важноста на повеќедимензионалната соработка на различни нивоа на организации кои се фокусираат на позитивни промени.

Состанокот беше место на дискусија и размена на идеи помеѓу Министерот и членовите на Ротари клубот. Една од точките на дискисија беше и проектот “Една точка за услуги” кој се стреми да ги подобри и упрости административните процеси за граѓаните и бизнис секторот.

Иако делува само една година, за што ќе се организира и посебен хуманитарен настан, клубот веќе станува препознатлив актер во акциите од хуманитарна и алтруистички природа.

Од Ротари клубот истакнуваат дека и во иднина ќе ги продолжат своите заложби за промени, иницирајќи најразлични заеднички активности, со различни чинители во заедницата.