Шпорет, машина за алишта и машина за садови за семејство чија куќа изгоре во пожар донираа хуманитарните Лајони од клубовите Зограф, Херклеа, Светлина, Алфа, Куманово и Св. Пантелејмон.
Донацијата од бела техника ја доставија до семејството на И.П. (43) од село Катланово, која во пожарот го изгуби сопругот и својот дом. Заедно со трите деца, таа живее во скромен објект каде Лајоните ја доставија потребната бела техника.
Според гувернерот Гоце Бурзевски, лајоните уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и со собраните средства купија шпорет, машина за алишта и машина за садови за ова семејство.