Mеѓународна конференција посветена на јавната радиодифузија.

ЈП Национална радиодифузија ја известува јавноста дека во периодот од 1 до 3 јуни, во Хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, ќе се одржи меѓународна конференција посветена на јавната радиодифузија.

ЈП НРД врши дејност од јавен интерес во областа на електронските комуникации преку развој, изградба и одржување на комуникациски мрежи, обезбедување и пренос на радио и телевизиски програми, поврзување со радиодифузни системи во странство и контрола на квалитетот и покриеноста на радио и телевизиските сигнали на територијата на Република Северна Македонија.

MBT конференцијата претставува значаен регионален настан кој на годишно ниво ги обединува клучните чинители од областа на радиодифузијата, вклучувајќи радиодифузни компании, институции и производители на техничка опрема, со цел размена на знаења, искуства и унапредување на професионалната и технолошката соработка во секторот.

На конференцијата ќе учествуваат домашни и странски експерти, претставници на јавни радиодифузни сервиси, релевантни институции и претставници на медиумската заедница.

Настанот има за цел да поттикне стручна и институционална дискусија за улогата, значењето и предизвиците на јавните радиодифузни сервиси во современиот медиумски екосистем, со посебен акцент на нивната одржливост и идниот развој.

Во рамки на програмата ќе бидат опфатени теми поврзани со дигиталната трансформација на медиумите, зајакнувањето на јавниот сервис, како и унапредувањето на професионалните стандарди во радиодифузијата.

Преку панел-дискусии и презентации од релевантни експерти, конференцијата ќе придонесе кон продлабочување на регионалната и меѓународната соработка во областа на медиумите.

Повеќе информации за агендата и учесниците ќе бидат објавени дополнително.