дома Вести Лајонс Клуб Вардар прослави 24 години постоење

Лајонс Клуб Вардар прослави 24 години постоење

Сподели го ова:

Секогаш Лавовите ширум светот безбедно одговараат на повикот за служење. Од испорака на храна, до поддршка на најразлични ранливи групи и секаде каде што е најпотребно, Лајоните и Леовците наоѓаат начини да покажат колку е важна доблеста на служењето на заедницата.
Македонија може да се пофали со голем број на клубови кои живеат со идејата на служење во заедницата.
Како еден од најстарите а воедно и најмногуброен клуб во Македонија е Лајонс клубот Вардар.

Во текот на вчерашниот ден беше продлавен 24-от роденден на клубот со хуманитарна вечера на која присуствуваа голем број на истакнати професионалци и хуманитарци.
ЛК Вардар докажа и покажува веќе неколку децении дека постојат луѓе кои се спремни да се посветат не само на остварување на своите лични цели, туку и на добросостојбата на заедницата каде делуваат.
И како што живеат, така и работат со слоганот:
Служиме!