Во средината на седумдесеттите години, во Русија бил спроведен експеримент:
Во фабричката менза била извадена касата и бил поставен послужавник за пари. Секој што доаѓал да јаде, земал што сакал и оставал пари на послужавникот, онолку колку што мислел дека е потребно. Ако имал кусур, земал кусур од послужавникот. Никој ништо не запишувал.
Експериментот траел цел месец. Тимот што го спроведувал експериментот станувал се позагрижен од ден на ден, бидејќи приходите се намалувале, а со тоа поткопувајќи ја вербата во чесноста на луѓето.
Одеднаш, на крајот од еден работен ден, на послужавникот се појавила сума која ги надминала не само дневните приходи, туку и целиот долг наталожен во текот на месецот.
Испаднало дека на тој ден се поделила плата во фабриката. Откако ја добиле, луѓето вратиле сè што должеле, дури и со камата.