дома Вести Лајоните од Лајонс Клуб Вардар оддадоа хумана порака за љубов, традиционално засадувајќи...

Лајоните од Лајонс Клуб Вардар оддадоа хумана порака за љубов, традиционално засадувајќи рози

Сподели го ова:

Денес, традиционално како и 13 години претходно на овој ден, Лајоните од Лајонс клубот Вардар засадуваа рози преку кои клубот ги рефлектира нивните хумани вредности, желбата за мир и служењето на заедницата.
Розите симболично беа засадени пред живеалиштето на лавот во Зоолошката градина во Скопје, како и во дворот на ФЕИТ и Машинскиот факултет во Скопје.

Оваа традиција покажува дека различните генерации кои поминале низ клубот заеднички се трудат да ја пренесат оваа пракса и во иднина на своите нови и млади членови.
На настанот освен членовите на клубот присуствуваа и пријатели и лица кои ја поддржуваат идејата на хуманост во средината каде делуваат.

Од страна на познатиот ликовен уметник Живко Поповски Цветин, кој е номиниран за Нобеловата награда за мир, беа доделени подарок слики на сите кои учествуваа во оваа активност.

Насликани цветови оддаваат една хумана порака за љубов, хуманост и солидарност кои се одлики на сите лајонисти.

Со оваа активност, лајонистите уште еднаш покажаа дека умеат да ја пренесат својата порака, да се организираат и да прават хумани дела.