дома Вести  Бизнис Кафе Македонија и Ротари Клуб Скопје Исток организираат БИЗНИС КАФЕ “SPECIAL”

 Бизнис Кафе Македонија и Ротари Клуб Скопје Исток организираат БИЗНИС КАФЕ “SPECIAL”

Сподели го ова:

Најпопуларниот бизнис-нетворкинг настан во земјава Бизнис Кафе Македонија заедно со Ротари Клуб Скопје Исток за прв пат организираат Ексклузивен БИЗНИС КАФЕ “SPECIAL” евент заедно со тројца одлични гости – говорници кои со присутните ќе ги споделат своите професионални искуства и ќе зборуваат за хуманиот аспект на нивните ангажмани преку Ротари клубовите од кои доаѓаат.

Гости – говорници:

1.                  Елена Николоска,  ко-сопственик на Ад Вербум – Ротари Клуб Скопје Исток

2.                  Гоце Арменски, сопственик на iVote, професор на ФИНКИ со повеќе од 20 години искуство во дигитална трансформација – Ротари Клуб Академија

3.                  Тома Аргир, технички и оперативен директор на “City Mall” Скопје – Ротари Клуб Скопје Запад

 

Котизација за учество на настанот изнесува 1.000 денари. Сите собрани средства ќе бидат употребени во хуманитарни цели и активности на организаторите.

Вашето присуство можете да го пријавите на е-маил: [email protected] или на настанот на нашата Facebook страна на следниот ЛИНК.

Skip to content