Граѓанската организација Иницијатива за европска перспектива, во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“, денеска одржа конференција на која младите презентираа и идеи за развој на заедницата. Според Кристина Сибиновска, проектен директор на „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“, целта на проектот е да се „зајакнат капацитетите на локалното граѓанско општество за градење отпорност против радикализација на младинското население во Северна Македонија, како и развивање Платформа на граѓански организации, кои работат со млади и темата радикализација за да работиме на превенција од насилство кај младите од секаков вид. Во таа насока спроведовме бројни активности за едукација на младите, зајакнување на нивните капацитети во повеќе области. Како резулатат на овие активности денес сме овде, каде младите од повеќе градови од Македонија ќе презентираат свои идеи за развој на заедницата во која живеат“.
Од шест идеи, беа избрани најдобри три идеи за развој на заедницата. Првонаградена беше идејата,, Drim buy Купувај по струшки од Струга” на тимот од Струга, второ место доби тимот ,, Конект” од Куманово и трета награда за тимот ,,Care Talk” од Куманово. Сите 16 учесници добија лап топ компјутери од страна на проектот.
Според Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски, во изминатиот период државата се соочува со поделеност од верски, етнички или политички причини. Затоа, вели тој, вакви проекти се многу важни. „Ваквите проекти се важни, бидејќи на младите им ја претставуваме перспективата, да им покажеме дека разликите не се проблем, туку треба да ги баарме сличностите, меѓу себе за да можеме да градиме едно општество“, порача Апостолоски. Според него не е заеблежан тренд на зголемено насилство кај младите, иако се уште има одредени форми на насилство на кои треба да се работи многу повеќе. „Јас бев и силно засегнат од врсничкото насилство или наслтвото кое се случуваше по автобуските постојки и градскиот превоз,к бидејќи работев во МВР. Но, мислам дека преку ваквите работилници спласнуваат тензиите. Проблем уште претставуват одредени форми на булинг, меѓутоа активно работиме на тоа да го подигнеме на одговорност кај лицата во обраозванието кои имаат одговорноста одблиску да ги следат проблемите кај младите. Нормално не смееме да ја зпаоставиме и улогата на семејството оти таа е многу важна, затоа организираме проекти во кои работиме со мајките“, вели Апостолски.
Наим Иљази, претставник од Агенцијaта за млади и спорт посочи дека Агенцијата е отворена за поддршка на ваквите иницијативи. Истакна дека Агенцијата ги препознава сите младински интереси и дека новата Националната стратегија за млади го опфаќа проблемот со насилството помеѓу младите, но дека се уште не е изготвена.
Проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)”, е финансиран од Европска унија, кој организацијата Иницијатива за европска перспектива, како координатор го спроведува заедно со организациите Нексус Граѓански концепт од Скопје, ЗРА – Аква од Струга и Центар за – интеркултурен дијалог – ЦИД од Куманово.
На денешната конференција беа сумирани сите впечатоци и идеи произлезени од работилниците кои изминатиот период се одржуваа во рамки на проектот.