дома Вести Ученици се натпреваруваа кој е најдобар раскажувач на книги

Ученици се натпреваруваа кој е најдобар раскажувач на книги

Сподели го ова:

Ученици се натпреваруваа кој е најдобар раскажувач на книги. Раскажувањето е супер моќ која се развива со читање книги и со соодветна поддршка од возрасните прераснува во ораторска алатка која ги подготвува најмладите за идни лидери. Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ и годинава ги собра најдобрите раскажувачи од основните училишта во земјава на супер финален натпревар кој се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

На натпреварот во раскажување приказни учествуваа ученици во две категории – од 3 до 5 одделение и од 6 до 9 одделение. Секој пријавен натпреварувач имаше на располагање бесплатна онлајн обука за јавен говор. Со учество во натпреварувањето, децата се квалификуваат за запишување во Академијата за идни лидери „Ѓорѓи Марјановиќ“, која целосно е бесплатна.