Home Останато Лајонс клуб Вардар им го разубави секојдневието на дечињата од одделението за онкологија во Детската клиника во Скопје

Лајонс клуб Вардар им го разубави секојдневието на дечињата од одделението за онкологија во Детската клиника во Скопје

0
Лајонс клуб Вардар им го разубави секојдневието на дечињата од одделението за онкологија во Детската клиника во Скопје

Лајонс клуб Вардар, во соработка со познатите македонски детски јунаци Биби и Боби, денеска, за миг го разубавија секојдневието на дечињата од одделението за онкологија во Детската клиника во Скопје.


Ѕидовите се украсени со ново руво (со ликовите на Биби и Боби), додека детската песна и прекрасните подароци ги расположија дечињата и нивните родители.
Лајонс клуб Вардар изразува огромна благодарност за срдечната поддршка од компанијата Светот на Биби при реализација на овој заеднички проект.


„Нема поголемо чувство од тоа кога ќе насмеете и израдувате дете“ изјавуваат чјеновите на ЛК Вардар.
Ова е една од многуте акции кои клубот ги реализира во рамките на своите хумани активности.
Продожуваат да служат и понатаму.