Home Blog Page 45

На ФЕИТ почна 11-тиот Робомак натпревар

0
На ФЕИТ почна 11-тиот Робомак натпревар

08.05.2023, Скопје – На Факултетот за електротехника и информациски технологии, денес, почна 11-тото издание на меѓународниот натпревар за роботика, електроника, автоматика и вештачка интелигенција – Робомак 2023.

Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ, ги мотивираше студентите да го практикуваат своето теоретско знаење.

„Како ФЕИТ секогаш сме насочени кон тоа наученото знаење да се примени во пракса уште во студентски денови. Една од овие можност е токму и организирањето на настан како што е Робомак, но и други студентски случувања. Ние силно ги поддржуваме сите активности на нашите студенти и ги мотивираме да создаваат технички умни решенија“, рече Ташковски.

„Оваа година ќе биде одбележана со суштински реформи засновани на клучните европски принципи на дигитализација на услугите насочени кон трансформирање на начинот на којшто граѓаните комуницираат со јавната администрација. Со дигитализација на јавните услуги ќе се намали времето што граѓаните го поминуваат за добивање услуга на шалтерите на јавната администрација. Услугите ќе бидат достапни во реално време, транспарентни, отчетни и поевтини, со што клиентелизмот, фаворизирањето и монополизирањето ќе бидат минато. Како резултат на тоа, дигиталната трансформација позитивно ќе влијае на дигнитетот и достоинството на граѓаните и на вработените во администрацијата“, порача  Александар Бајдевски, заменик – министер за информатичко општество и администрација.

Во наредните неколку дена, учесниците преку работилници и предавања ќе се запознаат со роботиката и најновите научни достигнувања во областа и ќе го применат стекнатото знаење на вистински роботи. Потоа, ќе имаат можност да ги претстават своите решенија во натпреварувачкиот сегмент, кој ќе заврши во Кино Милениум со почеток во 18 часот на 13-ти мај 2023 година (сабота).

„Уверен сум дека многумина од Вас, драги студенти, ќе останат во нашата држава и ќе го вложат своето знаење. Ќе донесат меѓународни проекти, ќе работат на развој на технички решенија, ќе создаваат и креираат во Македонија. Токму како што тоа го прават вашите професори, вашите родители и сите ние што остануваме во земјава. Секако, ова не значи дека не треба да се движите во светот или дека не треба да разменувате знаења и искуства со колеги од други држави. Напротив, движете се, споделувајте знаења, стекнувајте искуства и сето тоа вложете го во иднината на Македонија, но и во иднината на целокупното човештво“, порача Никола Јанкуловски, ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

РобоМак 2023 е организиран од Студентскиот огранок на ИЕЕЕ при УКИМ и Факултетското студентско собрание при ФЕИТ.

„Членовите на ИЕЕ се видни експерти во своите области, во академијата и индустријата. Со се поголем фокус на мултидисциплинарноста, тие се посветени да го направат светот подобро место за живеење. Посветеноста на членовите на хуманизмот и на зелените технологии се само неколку примери за ова“, рече Анастас Мишев, претседател на македонскиот огранок на ИЕЕЕ.

Македонската компанија Термо Систем прослави дваесет години постоење на македонскиот пазар

0
Македонската компанија Термо Систем прослави дваесет години постоење на македонскиот пазар

06.05.2023, Скопје – Македонската компанија Термо Систем прослави дваесет години постоење на македонскиот пазар. Компанијата, во своите почетоци, е формирана како фирма за увоз, трговија, инженеринг и изведба на инсталации во областа на греењето, климатизацијата, водоводот и соларните системи.

Сопственикот на Термо Систем, Саша Стојановиќ, вели дека поминале две децении исполнети со разни предизвици, подеми и падови.

„Денеска славиме 20-годишнина! Две децении исполнети со секакви предизвици, подеми и падови и акумулирани искуства кои се надевам ќе бидат вредни во годините што доаѓаат. Во сите овие 20 години, покрај сите деловни и финансиски успеси, наше најголемо богатство се луѓето. Луѓето кои некогаш беа дел од овој тим, луѓето кои останаа со нас низ годиниве, новата и свежа крв што не зајакна во последниот период и секако нашите партнери, соработници, пријатели и поддржувачи на Термо Систем. Без овие луѓе ништо од ова немаше да биде возможно“, вели Стојановиќ.

Дваесетте години постоење, Термо Систем ги одбележа во новиот продажен и изложбен простор на 5.000 метри квадратни, изграден во време на корона пандемијата. Овој мултифункционален простор одговара на барањето на купувачите за иновативни системи со висока енергетска ефикасност и за клиентите кои уредуваат или инвестираат во деловни или станбени објекти. Во својата широка палета, Термо Систем нуди производи од светски познатите брендови Giacomini, Ariston, Galletti, Fondital од Италијa, Siemens, Bosch, Wilo, Rothenberger, Аquatherm од  Германија, како и многу други производители на опрема во овој сегмент од целиот Балкан.

Стојановиќ порача дека треба да се продолжи со напорна работа, стремеж кон повисоки цели и создавање на компаниската иднина. „Посакувам уште многу години успех во работата и секако раст на ТЕРМО СИСТЕМ!“, порачува Стојановиќ.

Технологијата, hookup културата и последиците врз чoвечките релации

Технологијата, hookup културата и последиците врз чoвечките релации

Современата технологија го промени начинот на запознавање со другите луѓе и нашето восприемање за романтичните врски. Со социјалните медиуми и hookup апликациите времето потребно да се пристапи е енормо скратено, а изборот на потенцијални партнери никогаш не е бил поголем. Но дали сме свесни дека оваа леснотија може да ги оштети вистинските релации?

Технологијата може да има негативен влијание на начинот на кој ги гледаме романтичните врски. Кога барате потенцијален партнер на апликации, се забележува дека повеќето корисници даваат најголемо внимание на физичкиот изглед и малку значење на карактерот и личноста. Изборот на партнери преку апликации може да биде површен, што доведува до краткотрајни и промискуитетни релации.

Промискуитетот подолгорочно ги прави лицата кои го практикуваат да бидат неподобни за нормална и долготрајна врска. Самиот брз пристап до партнери дава лажен впечаток за нашата вредност и можноста во иднина да се пронајде партнер за реална и животна врска.

Токму затоа, промискуитетот и површноста го еродираат општеството долгорочно. Имаме повеќе леснотии, но нашите вистински односи и релации страдаат од недостатокот на вистински човечки контакт и длабоки врски. Откривањето на права љубов може да биде тешко, но кога не сте спремни да инвестирате време и енергија, не можете да очекувате вистински и длабоки врски.

Секако, апликациите за запознавање не се виновни за сите негативни последици, бидејќи вистинскиот проблем е во начинот на кој ги користиме. Многумина ги користат овие апликации како средство за краткотрајно задоволство и екстерна валидација, без желба за вистински односи, а оваа култура на брза и лесна сексуална интеракција може да ја искриви нашата перцепција за самиот поим на љубовта и романтичните врски.

  1. Затоа, како индивидуи, треба да укажеме на потенцијалните негативни последици и да се обидеме да ги промовираме вистинските вредности на љубовта, како што се морално однесување, почит, доверба и емоционална конекција.

Вистинската љубов и релациите се бараат и градат со време и притоа треба да се инвестира енергија, време и емоции.

Лајоните од Лајонс Клуб Вардар засадија 25 рози, за 25 години постоење

0
Лајоните од Лајонс Клуб Вардар засадија 25 рози, за 25 години постоење

Денес, традиционално како и 12 години претходно на овој ден, Лајоните од Лајонс клубот Вардар засадија 25 рози во дворот на ФЕИТ и Машинскиот факултет во Скопје.
Традицијата која ја има овој клуб ги рефлектира нивните хумани вредности, желбата за мир и служењето на заедницата, покажа дека различните генерации кои поминале низ клубот заеднички се трудат да ја пренесат оваа пракса и во иднина.
На настанот освен членовите на клубот присуствуваа и видни личности од средината каде делуваат.


Од страна на познатиот ликовен уметник Живко Поповски Цветин, беа доделени подарок слики на Проф. Д-р Роберт Миновски – Продекан на Машинскиот Факултет, и на Проф. Д-р Димитар Ташковски Декан на ФЕИТ.


Насликани цветови како подарок за своето работење, делување во клубот и промовирање на Лајонизмот доби и Претседателот на ЛК Вардар Проф. Д-р Влатко Стоилков.


Пригодни зборови изразени преку стиховите на Оливера Јовановска и Горан Анчевски доби за своето работење и влијание, познатиот уметник Живко Поповски Цветин.

Лајоните уште еднаш покажаа дека умеат да ја пренесат хуманоста, да се организираат и да прават хумани дела.