Lions Club International е непрофитна организација која има значајно влијание во заедниците каде делува. Членовите на овој клуб работат за да ги подобрат условите на живот на луѓето во својата заедница, преку активности за заштита на здравјето, животната средина, културата и образованието. Lions Club International е познат чинител во поддршката на националните и меѓународните проекти за хуманитарна помош и катастрофални ситуации.
Се залага за идеалот на “We Serve”, при што секој член се обврзува да работи во општествената заедница за да помогне на најранливите луѓе.
Во таа насока, еден од најстарите клубови и воедно најбројниот клуб во Македонија, ЛК Вардар реализираше уште една хумана акција. Донирани беа пакети за ранливи групи преку Црвен крст – Гази Баба.
Уште еднаш, Лајоните се покажаа како едни од најхуманите чинители во заедницата.
Служиме!