Ротари клубот е меѓународна организација која како главна цел има да служи на заедницата и да го подобри животот на луѓето.
Во таа насока, Ротари клуб Скопје Исток како дел дел од оваа организација и се фокусира на реализирање на различни проекти кои ги подобруваат условите за живеење на луѓето во општината. Преку акција организирана и поддржана од своите членови, ротари клубот се придружи на иницијативата на општествено одговорната компанија Хипомед за донација на фамилијарни хигиенски сетови за помош на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија.
Посебна благодарност и до менаџеркиот тим на компанијата која честопати се појавува како иницијатор или поддржувач на хуманитерни акции.
Оваа акција е само еден пример за ангажманот на ротари клубот во заедницата и неговата посветеност за помош на настраданите. Благодарение на сите засегнати во организацијата, ротари клубот ќе продолжи да го подобрува животот на луѓето и да го служи на општеството.