“Лидери на Зелената Економија” е поддржан проект од страна на Еразмус+ програмата, чија цел е креирање на моменталната анализа во однос на практиките за настава и учење за циркуларната економија на универзитетско ниво.
Носител на проектот е Универзитетот Американ Колеџ Скопје во соработка со партнерите Бизнис Школа ДОБА ,Словенија, Универзитетот во Ријека, Хрватска и Универзитетот Ангел Канчев во Русе, Бугарија.
Целта на овој проект беше да се создаде универзитетска средина која ќе стимулира развој на концепти за циркуларна економија за студентите од бизнисот преку стимулирање на врските меѓу академијата и индустријата и подобрување на дигитализацијата во високообразовниот сектор. Преку проектните активности им се овозможи на студентите да развијат знаења и вештини и од областа на циркуларната економија. Со тоа, тие ќе бидат подобро подготвени за нивните идни работни места, помагајќи им на компаниите да ги имплементираат принципите на циркуларната економија со што позитивно ќе влијае на идниот економски раст на земјите, како и на трансформацијата кон зелената економија.
Во рамки на проектот се преземаа најразлични активности, вклучувајќи: работилници со професори за развој на дигитални материјали, кампови во Ријека и Скопје, виртуелни/хибридни размени за студенти и дисеминација на наставни програми. Во областа на наставни програми издаден е “White Paper” (во прилог), односно мапирање на ситуацијата и препораки за подобрување на наставата и учењето за циркуларната економија. Развиени се дигитални наставни материјали во форма на студии на случај како основен исход за идна употреба во универзитетското образование за понатамошен развој.
Повеќе информации за проектот „Лидери на зелената економија“
Website Link Instagram Facebook Linkedin
Оваа завршна конференција има за цел да ги прослави достигнувањата на заедничкиот проект и да се истакне влијанието што програмата го имаше врз поединците и заедниците посветени на поттикнување на позитивни промени во областа на циркуларна економија.