Една од најтажните фотографии е направена по атомскиот напад на Нагасаки во Јапонија во 1945 година. Приказната зад неа потсетува на јапонската аниме драма „Гробишта на светулките“ од 1988 година.
На фотографијата се гледа како јапонско момче го носи телото на својот помлад брат кој загинал во бомбардирањето. Крематориумот бил неколку стотици километри надвор од градот, а ова момче пешачело со денови за да стигне таму. Фотографот Џо О’Донел, кој го овековечил моментот, напишал во својот дневник:
„Видов момче на околу десет години. Носеше дете на грб. Во тие денови во Јапонија, често гледавме деца како си играат со своите мали браќа или сестри на грб, но ова момче беше очигледно поинаку. И можевме видете дека дошол на ова место од сериозна причина. Немаше ни чевли. Лицето му беше сериозно но без премногу емоции, а зад грб му се гледаше мала глава… Таа беше навалена наназад како детето само да спиеше. Момчето стоеше неподвижно пет или десет минути, потоа мажи во бели маски дојдоа до него и тивко почнаа да го одврзуваат јажето со кое го држеше брат му. Потоа видов дека детето е веќе мртво. Момчето стоеше мирно, и не мрдајќи го гледаше го процесот на кремирање. Толку силно ја гризеше долната усна што бликна крв. Потоа се помоли, погледна последен во урната и без збор се сврте и си замина засекогаш!