Запознајте ја Мелани!
Оваа учебна година таа ќе биде седмо одделение. Омилени часови на училиште ѝ се часовите по англиски јазик. Надвор од училиште, Мелани ужива да гледа ЈуТјубери, да игра видео игри како и да оди на прошетки со нејзината најомилена личност- дедо ѝ! Таа е ведро духовито и креативно девојче. Нејзиниот омилен Јутјубер е Џи Пи. Исто така ужива да гледа филмови и да игра карти. Мелани и нејзините интереси вредат да се запознаат подобро затоа што таа е прекрасна личност со безброј квалитети!
Бушавко е пријател на сите деца! 👶🏻🧒👧🏽
Затоа придружете ни се во кампањата за подигнување на свесноста за децата и младите со атипичен развој!
📞 Ало Бушавко: 070 390 632
🌐 alobushavko.mk
#alobushavko #алобушавко
#megjashi #меѓаши
Кампањата е во рамки на проектот „Можеби сме различни, но сите сме талентирани“, како дел од Мрежата за разновидност 2.0 (RDN2.0), поддржан од Европската унија.