Кога ќе слушнете како некој вика: „Јас сум најголемиот!“ – тогаш повеќето од нас не би сакале да слушаат повеќе. Но постојат личности кои заслужуваат да бидат наречени „најголеми“. Еден од нив е и Мухамед Али, кој освен по боксот е познат и како политички активист и мотиватор. Човек кој со своето влијание го заслужил епитетот кој му се придава.
„Големиот “ – Мухамед Али.
Следат 5 од неговите златни лекции – кои доколку се применат во вашиот живот – ќе ве направат одлични.
1. Не е дејството што прави нешто правилно или погрешно, туку целта зад дејството.
Честопати се охрабруваат луѓето да преземат акција. Но, тоа оди подлабоко од тоа. Мора да преземеме „вистинска“ акција мотивирана од цел поголема од нас самите. Тоа мора да биде цел дизајнирана да им помогне на другите и да направи подобар свет.
Ако нашата цел е себична, нејзината долговечност ќе биде неодржлива, но ако се даде како чин на великодушност, тогаш моќта која ќе се емитува од таквото дејствоќе биде далеку поголема од првата замисла.
2. Имаме еден живот – наскоро ќе биде минато; Само она што го правиме за другите е сè што ќе трае.
Сите сме создадени за голема цел. Малкумина од нас знаат која е нивната цел, а некои го поминуваат целиот живот трагајќи по одговорот.
Ова не е прашање за религијата, туку за одговорноста што ја имаме како луѓе додека живееме.
Најдете ја вашата цел. Исполнете ја вашата цел. Ништо полошо од тоа да дојдете до крајот на вашиот живот, да не го исполните вашиот повик и да не го искористите вашиот потенцијал.
3. Ќе бев најдобар на светот во што и да правев. Да бев ѓубреџија, ќе бев најголемиот ѓубреџија на светот! Би собрал повеќе ѓубре и побрзо отколку што некој досега видел. Да ви кажам искрено, ќе бев најдобар во што и да правев!
Ако сакате да направите нешто – бидете најдобри. Не се задоволувајте со второто најдобро. Бидете прва класа. Вложете 100% труд во сè што правите. Додадете извонредност како ваша тајна состојка на секоја задача што ја преземате. Не останувајте следбеник. Одлучете се да бидете лидер.
4. Само доколку давате ќе можете да добиете и да станете богати.
Се гледам себеси како канал низ кој течат богатствата што се прелеваат во насока на мојот живот.
Јас не сум брана, ниту блокиран аквадукт. Јас сум река – управител на богатството што го привлекувам, а потоа го пуштам како што ќе ми нареди срцето. Во него лежи богат живот.
5. Не морам да бидам она што некој друг сака да бидам. Слободен сум да бидам тоа што сакам да бидам.
Да се биде ЈАС, значи да се биде слободен. Раскинете ги сите синџири што се обидуваат да ве заплеткаат – без разлика дали се тоа родителски очекувања, организациски барања или усогласеност со општеството. Вие сте единствени, и за да дејствувате во таа уникатност, мора да се спротивставите на усогласеноста ако сакате вистински да ја прифатите вашата судбина.
Дали ве натеравме барем малку да размислите за одлуките во вашиот живот? Извор: Quora.com