дома Занимливости 30 годишната тајна на Валентина Терешкова, првата жена во вселената

30 годишната тајна на Валентина Терешкова, првата жена во вселената

Сподели го ова:

Во далечните шеесетти повеќе од 400 жени се пријавиле за лет во вселената, од кои на крајот биле одбрани пет финалистки.

Валентина Терешкова, тогаш 26-годишна кројачка и работничка во текстилна фабрика од селото Маслениково, е првата жена во вселената.

Во јуни 1963 година била извршена тајната мисија.

Валентина ѝ кажала на мајка си дека само оди да изврши некои обврски, подоцна истиот ден мајката слушнала на радио дека нејзината ќерка е во вселената.

Таа била избрана за мисијата пред се поради нејзиното огромно искуство во скокање со падобран, што на крајот од мисијата се покажало како пресудно за нејзиното враќање дома. И по 30 години, таа открила една тајна, имено Терешкова морала да скокне со падобран од над 6000 метри височина, поради лична безбедност и притоа слетала во близина на границата на Казахстан, Монголија и Кина.

Дизајнерот на бродот, Сергеј Королев, ја замолил Терешкова да не кажува никому, барем некое време, за тоа што се случило на враќање дома.

„Тогаш го замолив да не се казнува лицето што е одговорно за грешката, бидејќи знаев дека ќе биде строго казнетo. Тој настан беше тајна што ја чував 30 години“, рече Терешкова пред неколку години.