дома Занимливости Еден од најневеројатните моменти во медицината

Еден од најневеројатните моменти во медицината

Сподели го ова:

Оваа слика доловува еден од најневеројатните моменти во медицината. Имено, во 1922 година на Универзитетот во Торонто, научниците отишле во болничко одделение со деца кои биле во кома и умирале од дијабетична кетоацидоза. Замислете соба полна со родители кои седат покрај креветот и ја чекаат неизбежната смрт на своето дете. Научниците оделе од кревет на кревет и им инјектирале на децата нов прочистен екстракт – инсулин. Кога на последното дете му вбризгале инсулин, првото дете на кое му бил вбризган инсулинот се разбудило од кома. Сите деца едно по едно почнале да се разбудуваат од дијабетична кома. Собата на смрт и мрак се претворила во место на радост и надеж.

Во раните 1920-ти Фредерик Бантинг и Чарлс Бест откриле инсулин под раководство на Џон Меклеод на Универзитетот во Торонто. Со помош на Џејмс Колип инсулинот бил прочистен, со што станал достапен за успешно лекување на дијабетес. Бентинг и Меклеод заработиле Нобелова награда за нивната работа во 1923 година.

Пред Бантинг да започне да спасува животи со инсулин, тој бил лекар од Првата светска војна во канадската армија. Во битката кај Камбраи, и покрај повредите, тој успеал да им помага на другите мажи цели 16 часа додека друг лекар не го спречил. Награден е и во 1919 година за херојство.