“Секако дека стареам – тоа е неизбежно, но дали е тоа проблем? Без разлика колку свеќи има на тортата, поважно е да имате моќ да ги издувате!”
Кога имала единаесет години, мајка и ги оставила неа и нејзината сестра, бидејќи нејзиниот сопруг (нивниот татко) ја малтретирал. Две години подоцна ги напуштил и таткото. Преживеала 14 години малтретирање од сопругот Ајк, кој во една прилика за малку ќе ја убиел, по што конечно успеала да го остави. На 29 години се обидела да се самоубие, но некако преживеала. Воедно преживеала мозочен удар и научила повторно да оди, преживеала рак, трансплантација на бубрег, самоубиство на нејзиниот син.
Со својот сопруг настапувала 18 години, Ајк и Тина Тарнер, а пред тоа мислела дека ќе биде медицинска сестра.
Бидејќи по разводот останала без ништо, морала некое време да чисти станови за да се издржува. Сепак, таа набрзо повторно застанала на нозе како соло уметник.
Продала повеќе билети за концерт од кој било соло изведувач и влегла во Гинисовата книга на рекорди. Среќата ја нашла со седумнаесет години помладиот партнер, со кој по повеќе од триесет години се уште е во врска и живеат во Швајцарија. За него се омажила дури во 2013 година, а потоа се откажала од американското државјанство. Нејзиниот живот е прикажан во одличен биографски филм наречен по нејзиниот голем хит „What’s Love Got to Do With It?“. Таа годинава ќе полни 83 години.