Почитувани,
Регионалната компанија СЕБ Глобал Груп од Софија, Република Бугарија, на 21.10.2022 година (петок), со почеток во 11 часот, ќе ја промовира Платформата за регионално деловно поврзување на компаниите, особено малите и средни претпријатија (МСП) од земјите на Балканот и пошироко – Југоисточна Европа (Equity market for SME’s). Промоцијата ќе се одржи во просториите на Научно-технолошкиот парк на градот Ниш, како официјален поддржувач на овој настан и со ова, овој регионален развоен проект се етаблира како прв кој е изработен од страна на бизнис секторот од земјите на иницијативата Отворен Балкан (Северна Македонија, Албанија и Србија, со поддршка на Бугарија како членка на Европската Унија).
Насловот на конференцијата „Дигитална платформа – пазар на капитал (берза) за мали и средни претпријатија – предности и еднакви можности за развој на пазарот” јасно укажува на услугите и активностите кои ќе бидат понудени. Основа на работењето на Платформата е уникатната софтверска (онлајн) компаративна анализа на поединечни финансиски и други деловни показатели на компаниите во однос на просекот од нивната претежна дејност. На овој начин, на малите и средни претпријатија ќе им се овозможи процена на нивната нематеријална вредност, а со тоа и реалната пазарна вредност (на капиталот), како и нивниот деловен рејтинг.
Досега оваа можност во регионот ја имаа само големите компании и А.Д., на актуелните берзи, иако 92% од стопанските субјекти се мали и средни претпријатија (МСП).
Иако, станува збор за долгорочен, динамичен и сеопфатен процес, целта на регионалната развојна компанија „SEB Global Group“ е да го прошири опсегот на својата понуда за релативно краток период (од почетокот на 2023 година), со лансирање на т.н. „Активен пазар“ и „Инвестициски центар“, преку кои компанијата ќе ги понуди светски познатите деловни можности, различни современи методи и извори на финансирање, како што се: CROWDFUNDING, CROWDINVESTING, CROWDSOURCING, трансформација на удели во акции, создавање на IPO, како и низа светски познати алатки за успешен бизнис на малите и средните претпријатија, кои сè уште се главно непознати за земјите од Балканот и ЈИЕ.
Воедно, услугите на „Дигиталната Платформа за еднакви пазарни можности“ (Equity market for SME’s), ќе се понудат и во останатите земји од регионот кои се веќе предвидени во рамки на стратешкиот план на СЕБ Глобал групацијата, но и во сите оние земји кои ќе изразат желба да бидат дел од процесот на деловната (бизнис) интеграција на Балканот и пошироко.