Тешкиот пат до науката на Дмитриј Иванович Менделеев

Дмитриј Иванович Менделеев пешачел речиси 1.600 километри за да се запише на Московскиот универзитет. Не го примиле, па пешачел до Санкт Петербург, каде бил примен. И токму таму го смислил периодниот систем на елементи, т.е. денес познат како Менделеев систем.

Уште еден негов придонес за кој помалку се знае е дека тој го утврдил процентот на алкохол во вотката. Дознал дека совршениот процент е 38%, но бидејќи во тоа време алкохолните пијалоци се оданочувале според процентот на алкохол во нив, заради полесно пресметување, вредноста е заокружена на 40%.

Врвот на неговото знаење и генијалност е тоа што бил свесен дека со развојот на науката и технологијата ќе се откријат некои други елементи кои тогаш ги немало, па оставил празни места каде што ги предвидувал нивните својства.