дома Занимливости Дали екраните не прават кратковиди?

Дали екраните не прават кратковиди?

Сподели го ова:

Може ли предолгото гледање во екранот на компјутерот да ве направи кратковиди?

Пред компјутерските екрани и мобилните уреди, вината паѓаше само на читањето книги премногу блиску до нашите очи или во темница и секогаш постоеше причина да се грижиме дека тоа ќе ни го уништи видот.

Дали сме кратковиди или далековиди зависи од должината на нашите очни јаболка во споредба со дебелината на нашите леќи. Предолго очно јаболко и станувате кратковид; прекратко очно јаболко и станувате далековиди. Но, кога вашето очно јаболко ќе престане да расте, тогаш вашиот вид е прилично фиксиран за раниот возрасен живот и не прави никаква разлика дали постојано гледате во екран, книга или читате во мрак или накратко сето претходно спомнато нема да ве направи кратковиди. Дури и во детството, кога вашите очни јаболка сè уште растат, истражувањата покажаа дека читањето нема никаков ефект.

Сепак, миопијата или кратковидоста е почеста во индустријализираните земји и кај децата израснати во урбани средини. А неодамнешните истражувања сугерираат дека кај децата тоа може да се должи на недостаток на сончева светлина. Една студија во Австралија покажа дека децата кои поминуваат повеќе време надвор на сонце имаат тенденција да бидат помалку склони кон миопија, а деталните истражувања покажуваат дека силната светлина го стимулира ослободувањето на хормонот допамин во мрежницата на задниот дел од окото. Тоа е хормон кој го забавува растот на очното јаболко. Недостатокот на сончева светлина може да значи дека децата немаат доволно допамин и нивните очни јаболка може да пораснат малку повеќе од нормално, што ќе предизвика да станат кратковиди.

Значи, ако теоријата е точна, поминувањето премногу време на компјутер може да биде лошо за видот на децата, само ако тоа ги спречува да излегуваат на сонце.

Мета анализата покажува заштитен ефект од зголемена изложеност на отворено, но ништо конкретно по однос на прогресија на миопијата. Овие наоди сугерираат дека:

  1. Потребни се понатамошни истражувања за да се потврдат и да се утврдат причините зошто времето на отворено не е ефективно за прогресија на миопијата;
  2. Потребно е да се одреди оптималното времетраење и стратегија за поминување време на отворено како интервенција за контрола или одложување на појавата на миопија.

https://sci-hub.se/https://doi.org/10.1111/aos.13403