дома Забава Секојдневната инспирација на Агата Кристи

Секојдневната инспирација на Агата Кристи

SONY DSC
Сподели го ова:

Го сакаме фактот што Агата Кристи била инспирирана од нејзините патувачки авантури, од нејзината работа со отрови кога работела во аптека и од нејзиното искуство со археолошки ископувања. Сепак, има и многу размислувања на авторката кои покажуваат дека таа била инспирирана од секојдневието – што мислевме дека може да им даде една друга димензија на женските дневни рутини кои знаат да бидат прилично ограничени и досадни. Всушност, таа мислела дека монотонијата на работа во фармацијата ја инспирирала да напредува со нејзиниот прв роман (иако стручноста што ја добила несомнено и помогнала со поситните детали).

Погледнете како секојдневниот живот на Кристи ѝ обезбедил креативност што ја знаеме и сакаме…

  1. Миење на садови

Кога Агата Кристи, најпродаваната авторка на сите времиња, ја прашале од каде добива најголема инспирација за нејзините романи, таа одговорила: „Обично добивам идеи кога ги мијам садовите. Тоа е толку глупава и здодевна работа, што секој пат кога ја правам, ми доаѓаат мисли за убиство“.

  1. Имагинарни пријатели

Бидејќи браќата и сестрите на Кристи биле отсутни во интернат, а Агата била школувана дома, таа била единственото дете во куќата поголемиот дел од времето, но со задоволство раскажува во својата автобиографија дека не била навистина сама: „Од најрано што паметам, имав разни придружници по мој избор“.

„Г-ѓа Грин имаше сто деца, од кои најважните беа пудлицата, верверицата и дрвото. Тие тројца ме придружуваа на сите мои подвизи во градината. Тие не беа потполно деца, но не беа ни кучиња, туку неопределени суштества меѓу двете“.

Агата Кристи, Автобиографија

Во „Автобиографија“, Агата Кристи пишува дека нејзината навика да зборува сама со себе, да создава приказни и да ги кажува гласно не исчезнала, туку тие станале дел од нејзиниот процес на пишување.

Што правите вие за да ја вклучите вашата фантазија кога сте без друштво?

  1. Книги

Мајката на Агата Кристи, Клара, не сакала Агата да научи да чита до својата осма година. Сепак, љубопитноста на Кристи била посилна и таа самата научила.

„Се плашам, госпоѓо, ѝ се извини Нурси на мајката следниот ден, „госпоѓица Агата знае да чита“. Мајка ми беше многу вознемирена – но тоа беше тоа. Сè уште немав ни пет години, но светот на книгите со приказни беше отворен за мене. Оттогаш, за Божиќ и за родендени барав само книги“.

Агата Кристи, Автобиографија

Кристи станала незаситна читателка, што продолжува понатаму во текот на нејзиниот живот.

  1. Природа

Оние кои се доволно среќни да имаат пристап до градина или некој локален зелен простор, можеби ќе можат да се поврзат со природата.

Нејзините патувачки дневници и писма кои се појавуваат во нејзината книга Големата турнеја ја отсликуваат оваа фасцинација од природниот свет. Таа забележува дека „Дрвјата се секогаш првите работи што ги забележувам за местата, или обликот на ридовите“.

  1. Прошетки

И покрај детскиот интерес на Кристи за отворено, нејзината главна инспирација доаѓала од секојдневните прошетки:

„Заплети ми доаѓаат во такви чудни моменти: кога шетам по улица или разгледувам продавница за шапки со посебен интерес, одеднаш ми доаѓа прекрасна идеја во главата и си помислувам: Сега тоа би бил одличен начин на покривање на злосторството, така што никој нема увиди за што станува збор! Се разбира, сите практични детали допрва треба да се разработат, но мојата прекрасна идеја ја запишав во тетратка“.

Агата Кристи, Автобиографија

Skip to content