Најава за настан
26 ноември 2025, 11:00 часот.
Кочани
Сојузот на Лајонс клубови на Северна Македонија-Д132 – Скопје ќе и донира високотехнолошка медицинска опрема на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани, како силна поддршка на здравствените работници и пациентите по трагичниот настан што ја погоди заедницата оваа пролет.
На 26 ноември, болницата ќе го добие најсовремениот електрохируршки генератор на Olympus, Јапонија, глобален лидер во медицинска технологија кој е препознаен по сигурност, квалитет и иновации.
Овој уред овозможува прецизно и контролирано сечење и коагулација, што му дава на медицинскиот тим стабилна и безбедна енергија при различни хируршки интервенции. Генераторот се користи во секоја гранка на хирургијата – од општа хирургија, урологија и гинекологија до реконструктивни и специјализирани интервенции.
Исто така, значително помага во третманот на пациенти со изгореници – овозможува прецизно отстранување на оштетеното ткиво, намалување на крварењето и создавање чиста површина подготвена за кожни трансплантации со пократко време на интервенција и минимална траума на здравото ткиво.
Lions Clubs International е најголемата сервисна волонтерска организација во светот со над 1.4 милиони членови во повеќе од 50,000 клубови низ 210 држави и географски региони во светот. Од 1997 г.
Сојузот на Лајонс клубови -Д132 е дел од ова глобално семејство. Во дистриктот членуваат 30 Лајонс клубови со приближно 600 членови/волонтери, кои веќе 28 години посветено работат за подобрување на здравјето и благосостојбата, зајакнување на заедниците и поддршка на нашите сограѓани на кои им е потребна помош.
Со оваа донација, Лајонс заедницата го продолжува своето директно служење и поддршка на заедниците.
Ги покануваме претставниците на медиумите да го проследат настанот и да известуваат за истиот.
За дополнителни информации и логистика, Ве молиме обратете се на:
Хари Коцев, 070 200700 hari.kocev@portel.com.mk
Филип Трајковски, 078 887866 secretaryd132@gmail.com