Охрид станува место за средба на љубителите на винилот и музичката култура

На 16 август, во периодот од 11:00 до 18:00 часот, во Shilla – coffee & bar во Охрид ќе се одржи Vinyl Fair – настан посветен на винил-плочите, музичките колекционери и сите љубители на аналогниот звук.
Настанот го организира профилот Ohrid 33/45, музичка платформа која ги поврзува колекционерите и љубителите на музиката преку саеми на плочи, vinyl swap meet настани, DJ-програми и мали акустични концерти.

„Винилот не е само начин на кој ја слушаме музиката – тој е начин на кој повторно учиме да ѝ посветиме внимание. Секоја плоча има своја приказна, а Vinyl Fair е место каде што тие приказни се среќаваат со луѓето што вистински ја сакаат музиката.“

изјави Горан Котески – организатор на Vinyl Fair Ohrid 33/45, во соработка со lychnid.cafee.society i shilla cafee & bar,

Винил-плочата одамна не е само носач на звук. Таа е предмет со културна и уметничка вредност, дел од личната историја на генерации слушатели и медиум кој бара посветено слушање. Секој омот, секоја гребнатинка и секоја песна носат своја приказна.
Посетителите ќе имаат можност да разгледуваат и откриваат плочи, да се сретнат со други љубители на музиката и да го почувствуваат духот на музичката размена во уникатниот амбиент на Охрид.
Организаторите ги покануваат сите граѓани на Охрид, како и посетителите од Скопје и од другите градови, да го искористат неделниот ден за музичко патување и посета на Vinyl Fair.
Настанот е поддржан од QRecords Macedonia, Shilla coffee & bar и Lychnid Coffee Society.
Vinyl Fair ќе се одржи на 16 август 2026, од 11:00 до 18:00 часот, во Shilla – coffee & bar, Охрид.
Извор на информациите: Официјален Facebook профил на Ohrid 33/45