Во духот на нивниот слоган „Каде што има потреба, таму има и Лајонси“, Сојузот на Лајонс клубови донираше најсовремен електрохируршки генератор на Olympus, Јапонија на ЈЗУ Општата болница со проширена дејност во Кочани.

Овој апарат овозможува многу прецизни и минимално инвазивни интервенции а се користи во секоја гранка на хирургијата – од општа хирургија, урологија и гинекологија до реконструктивни и специјализирани интервенции.
На повредените во пожарот ќе им овозможи во следните фази да се лекуваат во Кочани. Овој високотехнолошки уред ќе им овозможи на лекарите побезбедни, попрецизни и поефикасни хируршки интервенции, а нив ги има многу зашто болницата згрижува голем број пациенти од овој дел на истокот, од Виница, Берово, Делчево итн.
„Ова е донација од срце, од нашите 30 клубови со околу 700 членови а со исклучителна и несебична помош од Лајонс клубовите од Словенија Хрватска и Австралија.
Ние сме волонтери, обични граѓани кои сакаат да дадат онолку колку што можат од себе за доброто на своите сограѓани“ – рече гувернерката на Лајонс Д132, Маја Костовска.
Сојузот на Лајонс клубови – Д132 е дел од ова глобално семејство и веќе 28 години членовите посветено и волонтерски работат за подобрување на здравјето и благосостојбата, зајакнување на заедниците и поддршка на нашите сограѓани на кои им е потребна помош.
Дополнителни информации може да добиете со преглед на следното видео.