Ефектот Розентал: како нашите мисли ја кројат туѓата реалност

Дали некогаш сте се запрашале колку вашата верба во некого навистина влијае на неговиот успех? Во 1968 година, психологот Роберт Розентал спроведе експеримент кој го даде застрашувачкиот одговор на ова прашање, откривајќи ја она што денес се смета за една од „најтивките“, но најмоќни манипулации со човечкиот ум.

Лагата што создаде генијалци

Приказната започнува во едно сосема обично основно училиште. Истражувачите им пристапиле на наставниците со „доверлива“ информација: врз основа на (непостоечки) тестови, идентификувани се 20% од учениците како „лица што покасно го покажуваат својот потенцијал (late blossom)“ – деца со исклучителен скриен интелектуален потенцијал кој наскоро ќе експлодира.

Вистината била сосема поинаква. Тие деца биле избрани целосно по случаен избор. Немало никакви тестови, ниту докази за нивната супериорност.

Но, кога истражувачите се вратиле по една година, резултатите биле шокантни. Токму тие, рандом избрани деца, покажале драматичен раст на успехот и интелигенцијата, во некои случаи подобрувањето било и до 89%. Децата не знаеле дека биле „избрани“, но реалноста околу нив почнала суштински да се менува.

Туѓите очекувања како внатрешен компас

Клучот за оваа трансформација не лежел во децата, туку во возрасните. Овој феномен, денес познат како Пигмалион ефект, покажа дека кога наставниците верувале дека пред себе имаат надарени ученици, тие несвесно го менувале своето однесување.

Тие наставници (без да бидат свесни за тоа) почесто ги охрабрувале овие ученици, потрпеливо им објаснувале, подолго чекале одговор од нив и поблаго реагирале на нивните грешки. Нивниот поглед бил помек, а тонот потопол. Децата едноставно почнале да се вклопуваат во сликата што авторитетите ја проектирале врз нив. Туѓите високи очекувања станале нивни внатрешен компас за успех.

Од училницата до спалната соба: Механизмот кај возрасните

За жал, или за среќа, овој механизам не престанува да функционира кога ќе завршиме училиште. Тој е морничаво присутен и во светот на возрасните – во нашите партнерски врски, семејни динамики и на работното место.

Кога во себе тивко ќе формираме негативно очекување за партнерот или колегата – мисли како „тој е неодговорен“, „таа е секогаш тешка за соработка“, „од него никогаш нема да биде ништо“ – ние всушност активно помагаме во креирањето на таа реалност. Дури и да не ги изговориме овие зборови гласно, тие „живеат“ во нашата мимика, во паузите додека зборуваме, во начинот на кој гледаме.

Телото зборува побрзо од зборовите

Науката потврдува дека не можеме лесно да ги скриеме нашите вистински верувања. Психолошките истражувања за микро-експресиите покажуваат дека човечкиот мозок реагира на суптилните сигнали на лицето за неверојатни 40 до 70 милисекунди.

Уште пред да ја отворите устата, личноста отспротива веќе ја почувствувала вашата недоверба, сомнеж или иритација. Нивниот нервен систем веднаш се адаптира на таа „закана“ и, парадоксално, почнува да ви ја враќа токму онаа реакција што несвесно сте ја очекувале, затворајќи го маѓепсаниот круг.

Заклучок

Ефектот на Розентал е моќен потсетник дека ние сме честопати несвесни креатори на однесувањето на луѓето околу нас. Нашиот став му претходи на нивниот потег.

Кога ќе ја промените внатрешната слика и очекувањата за некого (било да е тоа вашето дете, партнерот или вработениот), вие суштински ги менувате нивните одговори, нивните избори и потенцијално нивниот животен пат.