Дома Вести Членовите на Лајонс Клуб Вардар испратија симболична порака на хуманост и љубов,...

Членовите на Лајонс Клуб Вардар испратија симболична порака на хуманост и љубов, продолжувајќи ја традицијата на засадување рози.

2
0

Денес, традиционално и со голема посветеност, Лајоните од Лајонс клуб Вардар ја продолжија својата 14-годишна традиција на симболично засадување рози – гест што ги претставува нивните хумани вредности, заложбата за мир и посветеноста кон служењето на заедницата.

Овојпат, розите беа засадени во дворот на техничките факултети – ФЕИТ и Машинскиот факултет во Скопје. Овој чин е потсетник дека секоја роза не е само цвеќе, туку порака на надеж, единство и желба за подобра иднина.

Оваа акција сведочи за континуитетот на вредностите низ генерациите кои поминале низ клубот и кои со љубов ја пренесуваат оваа традиција на младите членови. Секоја година, ова садење станува повеќе од ритуал – тоа е обнова на залогот за човечност, солидарност и заеднички напредок.

На настанот присуствуваа членови на клубот, нивни пријатели и поддржувачи на мисијата на Лајонс движењето – сите заедно обединети околу иста идеја: дека мали дела на добрина создаваат големи промени во општеството.