По цели 17 години посветеност и работа, семејното земјоделско стопанство Маслинова Градина (Olive Garden) со гордост ја претставува својата материјализирана визија: врвно ладно цедено Extra Virgin маслиново масло кое ја носи автентичноста и вкусот на Македонија.

Во селото Пирава, општина Валандово, семејството Аврамовски со љубов и посветеност одгледуваат над 800 маслинови дрвја од сортите Chalkidiki, Ascollana и Picual, на површина од 20.000м2. Нивната приказна е вистински пример за BOUTIQUE производство – од нива до трпеза, со целосна контрола на секој чекор од процесот.
Инвестирањето во иднината беше клучно: во 2023 година беше поставена модерна инфраструктура, а во летото 2024 година пристигна високотехнолошкиот млин за ладно цедење. Оваа опрема го осигура производството според најстрогите светски стандарди, при што првото „течно злато“ беше добиено во октомври.

„Нашата мисија е едноставна, но амбициозна. Да создадеме маслиново масло кое ќе биде симбол на квалитет, традиција и автентичност. Olive Garden оваа година значително го зголеми производството на маслинки, што придонесе за зголемување на количините на македонското extra virgin маслиново масло. Потврда за тоа се резултатите добиени од независна лабараторија од Грција, која потврди дека станува збор за extra virgin маслиново масло од врвен квалитет согласно европската регулатива 2022/2104, што особено не прави горди, вели Александар Аврамовски, носител на семејното стопанство.
Маслинова Градина работи според највисоките стандарди на BOUTIQUE производство. Секоја маслинка е одгледана со внимание и љубов, берењето се врши рачно за да се осигура целосен интегритет на плодот, а преработката започнува во рок од 4 часа по бербата. Температурата на цедењето е строго контролирана на околу 24°C, што ги зачувува сите нутритивни вредности и природни ароми.
Маслото се складира во специјални инокс садови под контролирани услови на температура и влажност. Оваа прецизност осигурува врвен квалитет на производот, без ризик од оксидација.
Olive Garden е првото семејно земјоделско стопанство во Македонија кое успешно го реализира целиот производствен процес – од одгледување на маслинките, преку преработка, па сѐ до финалното пакување и продажба. Секој чекор е 100% македонски, што гарантира автентичност и доследност во квалитетот.

И оваа година производот е потврден како ПРЕМИУМ преку детални сензорски и нутритивни анализи, направени во независна лабараторија вo Солун, Грција. Со ниска ацидност, богатство на антиоксиданти, карактеристична жолто-златна боја и неодолив вкус со ноти на зелена трева и свежи маслинки, ова масло е вистинско богатство и привилегија за секоја трпеза.
Маслинова Градина се разликува по тоа што користи исклучиво маслинки од сопствените насади, без увоз или откуп од други извори. Оваа целосна контрола на производствениот процес гарантира доследност во квалитетот и автентичност на секоја шише маслиново масло.
Квалитетот е наш приоритет: со имплементација на HACCP и целосна контрола преку Агенцијата за храна и ветеринарство, Olive Garden го произведува првото македонско BOUTIQUE Extra Virgin маслиново масло. Во ограничени количини, овој премиум производ е создаден за оние кои бараат автентичност и врвен вкус.








