дома Вести Лајонсите донираа пакетче за секое дете

Лајонсите донираа пакетче за секое дете

Сподели го ова:

Лајонсите во Македонија, годинава, ја завршуваат со хуманитарна донација на 70 пакетчиња за децата кои новогодишните празници ги минуваат во Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.

На предавањето гувернерот на Лајонсите, Гоце Бурзевски рече дека оваа светска хуманитарна организација помага секогаш кога е потребно.

„Како граѓани сме погодени од аерозагадувањето во Скопје и во целата држава. Затоа одлучивме да донираме на дечињата кои ги минуваат деновите во болница поради белодробни заболувања предизвикани од загадувањето. Ова е порака да размислиме за животната средина и за нашата иднина“, вели Бурзевски.

Лајонсите беа примени од страна на организациониот директор Ријад Алими заедно со др.Ани Видоевска и минаа неколку часа со дечињата со желба да им ги разубават новогодишните празници и да предизвикаат насмевка кај дечињата.

Голема благодарност до фирмата Фортуна груп, Зоран Илиќ и Сашко Јованов кои помогнаа да се реализира овој убав настан.