дома Занимливости Климатски промени, историјат и фактори

Климатски промени, историјат и фактори

landscape and aerial photography of icebergs on body of water during daytime
Сподели го ова:

Актуелно е прашањето колку ние како загадувачи имаме придонес кон климатските промени кои како актуелна тема се интензивно медиумски застапени. Климатските промени се и  актуелна образовна тема во нашиот и во светскиот образовен процес. Па да направиме еден мал преглед на факти во однос на тоа што е СО2, како се создава и колку го има во атмосферата.

Учеството на CO2 во атмосферата е 0,04%. CO2 се формира по природен и вештачки пат (како наше загадување). По природен пат се формира 95% воглавном при декомпозиција од природни процеси (како при човечкото дишење), а додека 5% е загадување од согорување на фосилни горива и слични извори. Се поставува веднаш логично прашање:  ако CO2 е само 0,04% од атмосферата, како го поттикнуваме глобалното затоплување преку индустриско загадување ако во овие 0,04%  ние учествуваме само со 5%?

Научно објаснување

Околу 99% од атмосферата е направена од кислород и азот. Овие елементи не можат да го апсорбираат инфрацрвеното зрачење што го испушта Земјата. Од преостанатиот 1%, молекулите кои можат да апсорбираат инфрацрвено зрачење се молекули на CO2 и оние на  водената пареа. Овие гасови враќаат половина од топлотната енергија кон Земјата, а половина оди неповратно кон вселената. На овај начин  дел од топлината се заробува во атмосферата и тоа е она што го нарекуваме ефект на стаклена градина. Поради ефектот на стаклена градина создаден од овие гасови кои се во трагови, просечната температура на Земјата е околу 15C што овозможува да постои живот на неа. Без овој позитивен ефект на стаклена градина таа температура би била околу нулата.

Додека CO2 сочинува само околу 0,04% од атмосферата, процентот на присуство на водена пареа може да варира од 0 до 4%. Водената пареа е доминантна и го зголемува стакленичкиот ефект во нашата атмосфера. Сепак, таа има „прозорци“ кои овозможуваат дел од инфрацрвената енергија да избега без да се апсорбира. Покрај тоа, водената пареа е концентрирана ниско во атмосферата, додека CO2 се протега до околу 50км над земјиното тло. Колку е поголемо протегањето зголемен ќе е стакленичкиот ефект и толку е поефективен во заробувањето на топлината од површината на Земјата.

Согорувањето на фосилните горива влијае на концентрацијата на CO2 во атмосферата. Пред индустриската револуција, количината на CO2 во атмосферата била околу 288ppm (делови во милион). Сега достигнавме нивоа околу 414 ppm, така што сме на пат да го удвоиме количеството CO2 во атмосферата до крајот на овој век. Научниците велат дека ако CO2 се удвои, тоа би можело да ја зголеми просечната глобална температура на Земјата помеѓу два и пет степени Целзиусови. Веќе ја зголемуваме количината на енергија што се враќа на Земјата. Поради ефектот на стаклена градина, ова предизвикува глобално затоплување со неговите деструктивни влијанија.

И водената пареа и CO2 се одговорни за глобалното затоплување, а штом ќе го зголемиме CO2 во атмосферата, океаните се загреваат, што неизбежно предизвикува пак зголемување на водената пареа. Но, иако немаме начин да ја контролираме испраувањето ние можеме да го контролираме CO2. Бидејќи го зголемуваме количеството на CO2 во атмосферата со тоа што продолжуваме да согоруваме фосилни горива, дури и во релативно мали количини во споредба со целата маса на атмосферата, ја нарушуваме целата топлинска рамнотежа на планетата.

Историја на климатски промени

Климатските промени биле присутни и во поблиската наша историја и биле историски забележани. Така денес знаеме за  средновековниот топол период

Средновековниот топол период (MWP) бил време на топла клима од 900 до 1300г н.е. кога глобалните температури очигледно биле нешто зголемени. Ефектите биле очигледни во Европа каде што цветале житните култури каде доттогаш не успевале, се појавиле многу нови градови, а населението се зголемило повеќе од двојно.  Викинзите го искористиле климатското подобрување за да го колонизираат Гренланд и грозјето се одгледувало дури на север од Англија каде сега не е изводливо.

Oколу 500 километри северно од сегашните лозја во Франција и Германија.. Пченица и овес се одгледувале околу Трондхајм, Норвешка, сугерирајќи клима за околу 1 °C потопла од сегашната.

Долги суши го зафатиле југозападниот дел на Соединетите држави. Алјаска била доста потопла.  Централна Јапонија бележи потопли температури. Температурите на површината во Саргасовото Море беа приближно 1°C потопли од денес, а климата во екваторијалната источна Африка била посува.

Историските факти и записи го потврдуваат присуството на овај глобален настан.

Сепак ваквото глобално загревање не било невообичаено и во подалечната торија. Римскиот топол период од  250 BC до  AD 450г. е период во кој исто така бележеле во просек зголемени температури.

Малото ледено доба (LIA) e пак климатски интервал што се случил од почетокот на 14 век до средината на 19 век, кога планинските глечери се прошириле на неколку локации, вклучувајќи ги европските Алпи, Нов Зеланд, Алјаска и јужните Анди, и средната годишна температура низ северната хемисфера се намалила за 0,6 °C.

Варијациите меѓу топлите и ладните климатски бранови се +0.5С до -0,5С во просек.

Што вели науката за ваквите историски климатски фулуктуации?

Причина за глобалните климатски промени : корелација на глобалната температура, сончеви дамки, сончево зрачење, космички зраци и стапки на производство од Сонцето на радиојаглерод и берилиум

Глобалните температурни промени покажуваат корелации со сончевите дамки и вкупното сончево зрачење.

Периодите на глобално ладење се совпаѓаат со овие промени за време на сончевите минимуми (реф. Орт, Волф, Маундер, Далтон, 1880-1915 и 1945-1977 година). Во време на зголемено космичко зрачење служи како посредник за сончевата активност.

Количината на космичкото зрачење е во голема мера под влијание на магнетното поле на Сонцето, така што за време на слабо сончево магнетно поле се случува да поголема количина космичко зрачење стигнува до Земјата, создавајќи поголема облачност и ладење на атмосферата.

Овој механизам е одговорен за глобалната синхроничност на климатските промени. Така, космичките зраци даваат задоволително објаснување и за долгорочните и за краткорочните климатски промени.

Да се потсетиме на структурата на нашиот сончев систем

Сонцето содржи 99,85% од целата материја во Сончевиот систем. Планетите содржат само 0,135% од масата на Сончевиот систем.

Распределба на масата во Сончевиот систем

Сонце: 99,85%, Планети: 0,135%, Комети: 0,01% , Сателити: 0,00005%, Мали планети: 0,0000002% , Метеороиди: 0,0000001% ,Меѓупланетарен медиум: 0,0000001%

Сонцето има дијаметар од 1.390.000 km (во споредба со 12.756 km за Земјата) и има температура од 6.000 °C. Сончевата енергија се создава длабоко во јадрото на Сонцето. Овде температурата (15.000.000°) и притисокот (340 милијарди пати поголем од притисокот на воздухот на Земјата на нивото на морето) се толку интензивни што се случуваат нуклеарни реакции. Енергијата на сонцето се ослободува како светлина и топлина. На енергијата генерирана во јадрото на Сонцето и се потребни милион години за да стигне до неговата површина. Секоја секунда 700 милиони тони водород се претвораат во пепел од хелиум. Во тој процес се ослободуваат 5 милиони тони чиста енергија.

КОРОНАТА Е НАДВОРЕШНИОТ ДЕЛ ОД СОНЧЕВАТА АТМОСФЕРА. Токму во овој регион се појавуваат  огромни облаци од блескав гас што избиваат од горната хромосфера. Надворешниот регион на короната се протега далеку во вселената и се состои од честички кои полека патуваат подалеку од Сонцето. Температурата на короната е околу 300 пати повисока од температурата на површината на Сонцето, што само по себе е научна мистерија многу години.

Резиме

Сонцето е она која има убедливо најмногу маса од 99,85% во соларниот систем. Од негов материјал сме создадени како планета Земја и од неговата природа најмногу зависат климатските флуктуации на Земјата. Не толку далечната историја тоа и го потврдува. Од Сонцето зависат промените на водните текови и струи, затоплувањето на океаните и морињата, испарувањата од водените површини и со тоа емисиите на водена пареа. Секако дека и ние придонесуваме кон глобалното затоплување со повисоките емисии на CO2 поготово што тој како гас се дисперзира до 50км над Земјата и го зголемува ефектот на стаклена градина. Сведоци сме на делови од Земјата кои бележат повисоки просечни температури, но и температурани локализирани промени (пример САД) на многу ниски и невообичаени температури локализирани во тие краишта. Сите тие се препишуваат на глобалното затоплување иницирано од емисиите на СО2. Сепак историјата не бележи вакви различни флуктуации на делови од Земјата. Или било глобално загревање за 0,5С или заладување -0,5С но секогаш рефлектирано на целата планета Земја.

Учеството и уделот на емисиите на CO2 и нивното зголемување како значаен фактор на глобалното затоплување се значајни од гледиште на денешната наука. Постојат и не мал број научници  кои сметаат дека СО2 влијанието е преценето.

Едно е сигурно. Без разлика на влијанието на СО2 во глобалното загревање, целокупната глобална „зелена“ политика сигурно ќе има големо општествено и политичко влијание во смисол на општествените промени кои ќе се рефлектираат со промени во начинот на живот.

Љупчо Иваноски