Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико Ве поканува на промоција на новата регионална платформа за вработување во Западен Балкан „Balkan Job Market“, која ќе се одржи на 23 април 2026 година во Europe House, Скопје, со почеток од 15:30 часот до 17:00 часот.
Платформата Balkan Job Market има цел да ги поврзе барателите на работа и работодавачите од Македонија, Србија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина, преку едноставен и пристапен дигитален простор за вработување.
Balkan Job Market овозможува компаниите и барателите на работа да креираат сопствени профили, преку кои ќе можат да ги претстават своите потреби, искуства и вештини. Платформата е дизајнирана да ги поврзува вештините на барателите на работа со конкретните побарувања на компаниите и вклучува автоматски механизам за пресметување на усогласеноста („match“) меѓу профилите на кандидатите и огласите за работа.
Платформата придонесува кон подобрување на пристапот до пазарот на труд, со посебен фокус на ранливите категории, вклучително и ромската заедница. Преку структурирано поврзување, повеќејазичен пристап и користење на дигитални алатки, таа овозможува поефикасно усогласување помеѓу понудата и побарувачката на работна сила во регионот.
Со оваа иницијатива се прави важен чекор кон создавање поинклузивен и транспарентен пазар на труд, каде секој има еднаква можност да ги претвори своите вештини во реални можности за вработување.
Регионалната платформа е дел од регионалниот проект „Надвор од бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија а имплементиран од Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, ИнСок, YUROM – Србија, Kali Sara – Босна и Херцеговина, RomaVersitas – Косово и IRCA – Албанија.
Со почит
Марија Сулејманова
077/540324







