Запознајте ја Ружица!
Има 21 година и е амбициозна, посветена и трудољубива студентка на Институт за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ-Скопје. За нејзе времето е многу важнo, го почитува своето и времето на другите. Сериозно си ја прифаќа обврската како студент и одлично и оди. Секогаш е точна и прецизна и никогаш нема задоцнето на ниту едно предавање. Најмногу го сака фолклорот и се што е поврзано со него. Емоциите ги искажува на свој начин преку песните кои ужива да ги слуша и пее. Свири на тамбура, пијано а од неодамна и на дајре. Во своето слободно време омилени и се прошетките на плоштадот, пеењето со својот ментор и уживањето во вкусот на нејзиниот омилен десерт. Ружица е прекрасна личност во секоја смисла на зборот!
Бушавко е пријател на сите деца! 👶🏻🧒👧🏽
Затоа придружете ни се во кампањата за подигнување на свесноста за децата со атипичен развој!
📞 Ало Бушавко: 070 390 632
☎️ Ало Бушавко: 02 246 5316
🌐 alobushavko.mk
#alobushavko #алобушавко
#megjashi #меѓаши
Кампањата е во рамки на проектот „Можеби сме различни, но сите сме талентирани“, како дел од Мрежата за разновидност 2.0 (RDN2.0), поддржан од Европската унија.
Reporting Diversity Network 2.0