Реклами

Околу две илјади луѓе уживаа на фестивалот Сандево Фест

Реклами

Околу две илјади граѓани, викендов, уживаа на музичкиот фестивал Сандево Фест, во организација на Општина Чучер – Сандево. Градоначалникот Зоран Бајовски, кој со своето семејство уживаше во настапите на сцената, го сподели своето задоволство со сограѓаните.

„Навистина сум среќен, што како Општина, сме на мапата на музички настани кои го заокружуваат летото. Со овој настан ја покажуваме нашата богата фолклорно – културно ризница како држава и како општина. Благодарен сум за преубавата музичка програма, за настапите и секако, за уживањето на овој фестивал. Ние како Општина и понатаму ќе продолжиме да ги негуваме традицијата и звуците на Чучер – Сандево и на културата која произлегува од овие краишта. Во нареден период ќе работиме Општината да ја ставиме и на мапата на духовно наследство бидејќи имаме многу цркви и манастири“, вели градоначалникот Бајовски.

Најмладите уживаа во тајните на пантомимата и во програмата на „Медо за Вас“. Публиката, потоа, ја забавуваа културно-уметничките друштва „Вук Караџиќ“ и „Александар Урдаревски“, како и ФС Плетеница.

Музичката програма ја збогати настапот на Роберт и Панки од Куку леле а ѕвезда на вечерта беше познатата Катарина Грујиќ. Уметничкото музичко доживување го заокружија музичките ноти на DJ сет.

Secret Link
Exit mobile version