Реклами

Цветин со иницијатива Трета светска „војна“ за мир

Реклами

Македонскиот уметник Живко Поповски Цветин, Жаклина Димовска – Дима, магистар за човешки ресурси и холистички предавач, како  потпретседател за Југоисточна Европа при Асоцијацијата за светски устав и светски парламент и Весна Дамчевска Илиевска, професор д-р за мир и развој, добитнички на Цветинова награда за мир, со поддршка на членовите на Цветиновиот комитет за мир и добитниците на Цветинова награда за мир, промовираат нова иницијатива наречена Трета светска „војна“ за мир во рамки на цивилизациски  карван ‘‘Цвеќе на мирот‘‘.

Оваа иницијатива тргнува од Македонија кон светот со намера да се покрене “енергијата на универзалните вредности кои ги поседуваат сите нации во светот“. Како што објаснува Цветин, Третата светска „војна“ за мир ќе почне на 10.12.2026 – Светскиот ден на човековите права и на 11.12.2026 – Светскиот ден на УНИЦЕФ. Цветин ја продолжува мисијата за мир преку својата платформа Цвеќе на мирот. „Оваа иницијатива значи наша борба за вредностите на мирот. Нашата намера е да се смират страстите кај светските лидери да се војува. Ние од Македонија ќе проследиме иницијатива со која ќе повикаме на светски мир, преку уметноста, културата, добрата намера, збор, постапка, дело. Нашата енергија и мисла ќе стигнат до целиот свет и до сите лидери кои заговараат воени решенија до траен мир“, објснува Цветин.

Жаклина Димовска Дима наведува дека сите сме граѓани на светот, кои потекнуваат од одредени подрачја, а кои не обојуваат со регионални особености (пример, култура, традиција, навики, игра, песна, но и страдања). Затоа, оваа идеја тргнува од Македонија со идеја да прерасне во светски караван на мирот и да влијае на целокупниот светски поредок. „Како бранови од мало камче на мирни води, да ги пуштиме како вибрации кои ќе влијаат на смирување на случувањата во светот. Како граѓани на светот имаме право на темелни вредности, како што се вода, воздух и земја, демилитаризација на светот и еднаков работен час на секаде. Миграциите да се случуваат поради културолошки, истражувачки (инклузивни причини) а не поради економски разлики (не од егзистенцијални причини)“, објаснува Димовска, потпретседател за Југоисточна Европа при Асоцијацијата за светски устав и светски парламент (https://www.wcpa.global/en/), чие седиште е во Вирџинија, САД, Њу Делхи, Индија и Венецуела.

Весна Дамчевска Илиевска, доктор на науки по мир и развој, психолог и добитничка на Цветиновата награда за мир, ја нагласува суштинската улога на мировните науки, образованието и ненасилната комуникација во градењето одржлив мир.„Мирот се гради со знаење, свесност, одговорност и доследна примена на ненасилство. Убедена сум дека со ненасилни методи ќе го победиме насилството. Тоа бара образование, емпатија, меѓусебно почитување, дијалог и развивање способности за мирно разрешување на конфликтите. Мировните науки нудат знаење и практични модели за препознавање и превенција на насилството, надминување на конфликтите и создавање безбедна и достоинствена средина за живеење. Затоа, оваа иницијатива ја гледам како повик за обединување околу заедничките човечки вредности и за преминување од декларативно залагање за мир кон конкретни постапки и одговорно дејствување. Нашата сила треба да бидат знаењето, хуманоста, солидарноста и храброста да го избираме мирот во секојдневниот живот“, истакнува Дамчевска Илиевска.

Од Македонија да тргне светскиот караван на мирот!

Од Македонија кон светот – со цвет, со збор и со дело за мир!

Secret Link
Exit mobile version