Вкус, квалитет и иновација: Luthman Backlund Foods Production од Битола се развива во модерен производствен центар за производство на вкусни барови без додаден шеќер.

Компанијата е дел од шведскиот бренд Nicks, кој е лидер во категоријата на иновативна кондиторија, сладолед и функционална храна. Компанијата нуди сертифицирано производство за протеински и кондиторски барови без додаден шеќер, со флексибилни Private Label решенија за брзо пласирање на пазарите во Европа, Блискиот Исток и САД.

Luthman Backlund Foods Production продолжува да го зацврстува своето место како современ и доверлив партнер во производството на функционални и кондиторски барови. Како дел од шведскиот бренд Nicks, компанијата од 2017 година во Македонија гради знаење и капацитети кои имаат видлива експанзија после значајната инвестиција во 2022 година и воспоставување на напредна производна инфраструктура во Битола.

Фабриката располага со најсовремена опрема за производство на протеински и кондиторски барови и е целосно сертифицирана според високите стандарди: BRC A+, HACCP, ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, HALAL и BSCI. Овие сертификати гарантираат конзистентност, безбедност и одговорност во целиот производен процес.

Менаџментот на Luthman Backlund Foods Production  има јасен фокус на развој, производство и продажба на барови кои комбинираат одлична текстура и вкус со подобрена нутритивна вредност. Целото производство е насочено на производи кои не содржат додаден шеќер, палмино масло и се без глутен. Ова се карактеристики кои ги прават погодни за потрошувачи кои бараат вкусно, здраво и достапно решение за секојдневна исхрана и задоволство.

Модерната технологија, производните линии, менаџментот и високо професионалниот кадар во производството, овозможуваат индустриско прилагодување и конкурентност на светско ниво. Компанијата остварува извоз во ЕУ, САД и други високо развиени и конкурентни пазари преку брендот Nicks и преку развојот на други светски познати приватни марки.

Компанијата нуди:

  • Гарантиран квалитет
  • Подршка од професионален тим со долгогодишно искуство од индустријата кој работи со посветено внимание;
  • Флексибилност, конкурентност, брзина и индустриски капацитет;
  • “Ready Solutions” (Private Label програма со готови know how рецептури и производи за брзо лансирање на пазарот);
  • Иновативност, Креативност и претприемнички пристап кон партнерствата.

„Нашата визија е јасна. Да бидеме водечки европски лидер во производство на барови без додаден шеќер, кои не прават компромис меѓу вкусот и квалитетот. Со модерната фабрика, со глобалниот тим од врвни и посветени професионалци, ние нудиме многу повеќе од производство. Нудиме долгорочна соработка базирана на принципите за етичко работење,  доверба, иновации и партнерски пристап.

Нашата Turn-Key “Ready Solutions” програма им овозможува на нашите клиенти брзо да одговорат на пазарните барања, додека нашиот капацитет и флексибилност гарантираат дека растеме заедно со нив. Во Luthman Backlund, не само што произведуваме барови за нашите клиенти, заедно ги градиме нивните успешни брендови,“ изјавуваат од менаџментот на компанијата.

Со присуство на пазарите во Европа, Блискиот Исток и САД, компанијата позиционира конкурентна понуда која ја спојува индустрискиот капацитет, модерната технологија и високот квалитет, идеална за увозниците, дистрибутерите и ланците на супермаркети кои бараат сигурност, брзина и иновативни решенија во категорија на кондиторијата и функционалната храна.

Успехот на Luthman Backlund Foods Production е потврда дека Македонија може да биде конкурентна производствена дестинација на глобално ниво. Со стратешката локација, квалификуван кадар и посветеност на иновациите, компанијата не е само извозник на производи, таа е извозник на квалитет, доверба и долгорочни партнерства.