дома Вести Лајонс клуб Вардар продолжува со својата мисија на хуманост

Лајонс клуб Вардар продолжува со својата мисија на хуманост

Сподели го ова:

Лајонс клуб Вардар продолжува со својата мисија на хуманост и поддршка на оние на кои им е најпотребно. Денес, во општината Чучер Сандево, клубот спроведе значајна хуманитарна акција, при што на повеќе семејства во социјален ризик им беа доделени прехранбени и хигиенски пакети. Оваа иницијатива е дел од нашата постојана заложба да ја унапредиме благосостојбата на заедницата и да обезбедиме конкретна помош за најранливите категории граѓани.

Членовите на ЛК Вардар со голема посветеност и емпатија ја реализираа оваа активност, вложувајќи личен труд и време за да им донесат барем малку олеснување на семејствата кои се соочуваат со тешкотии. Покрај материјалната помош, нашата цел е и да испратиме порака на солидарност и заедништво – да покажеме дека не се сами и дека секогаш постои некој кој се грижи.

Лајонизмот значи служба, посветеност и грижа за заедницата. Горди сме што со оваа акција направивме уште еден чекор кон подобро општество. Голема благодарност до сите членови и поддржувачи кои помогнаа во реализацијата на оваа иницијатива.

Exit mobile version
Skip to content