Реклами

Гевгеличанецот Кундурџиев стана Млад европски амбасадор

Реклами

Младиот и успешен гевгеличанец Зоран Кундурџиев стана Млад европски амбасадор (Young European Ambassador – YEA), кој на волонтерска база ќе ги промовира европските вредности меѓу младите луѓе во Македонија и пошироко во Европската Унија.

Преку членството во Мрежата на Млади европски амбасадори WeBalkans, Кундурџиев ќе добие специјализирани обуки и ќе учествува на разни настани, студиски посети и работилници како поддршка да стане позитивен младински инфлуенсер – и онлајн и офлајн – во нашата заедница, земја, регион и во ЕУ. Развивањето на капацитетите на младиот европски амбасадор подразбира и спроведување интервјуа, развивање кампањи, видео материјали и проекти со користење на сопствените платформи на социјалните мрежи, учество на подкаст, претставување во кампања „YEA на месецот“ , вклучување на сопствените профили на социјалните мрежи во поголеми регионални онлајн кампањи и претставување на сопствените активности на веб-страницата под кампањата „Млади европски амбасадори“ на социјалните мрежи (Instagram).

„Навистина е огромна чест и сум благодарен за можноста да бидам уште еден Млад европски амбасадор, кој ќе ги шири и промовира европските вредности меѓу младите луѓе и ќе се ангажира за подигнување на нивната свест и мотивација за клучните области на интеграцијата во ЕУ. Учеството во проекти, настани, работилници ќе овозможи да ги зголемам сопствените капацитети и со тоа, да бидам уште поуспешен во промовирање на вредностите што ја дефинираат Европската Унија. Размената на мислења и ставови со други млади луѓе од земји во ЕУ ќе овозможи да го подобриме животот на младите во Македонија и да ги поврземе во единствено европско младинско движење“, вели дваесет годишниот Кундурџиев.

Овој европски договор подразбира промоција на вредностите преку социјалните мрежи и соорганизација на настани, учество на вебинари, работилници, обуки, состаноци, интервјуа ииницијативи организирани од YEA. Како амбасадор, Кундурџиев ќе организира и обуки од врсници за врсници (peer-to-peer) и размена на знаења (онлајн комуникација и споделување информации) со младите луѓе .

„Секако, позицијата млад европски амбасадор не дозволува да креираме, објавуваме илисподелуваме содржини со говор на омраза, политичка пропаганда, дезинформации, навредлив јазик и насилство. Оваа позиција е проект за застапување на база на волонтерство. Наспроти тоа, овој проект промовира европски дух, фер натпревар, почит, пријателство, тимски дух, еднаквост, почитување на пишани и непишани правила (интегритет, солидарност, толеранција)“, објаснува Кундурџиев.

 КРАТКА БИОГРАФИЈА

Кундурџиев е младински активист, кој бил претседател во средното училиште „Јосиф Јосифовски“во Гевгелија, амбасадор во Сојузот на средношколци на Северна Македонија, претседател на „Интеракт клуб Скопје – Исток“ и делегат во Младинскиот совет на Општина Гевгелија.

Secret Link
Exit mobile version