Реклами

„Армор Плус“ ја отвори првата Outlet продавница за заштитна опрема во Македонија

Реклами

Компанијата „Армор Плус“ свечено ја отвори својата прва Outlet продавница за лична заштитна опрема во Скопје. Со овој нов чекор, „Армор Плус“ го воведе првиот ваков концепт во земјата, со цел да им овозможи на клиентите пристап до сертифицирана заштитна опрема, по поволни цени и без компромис во квалитетот.

За оваа цел беше организиран Отворен ден, кој привлече голем број посетители од најразлични сектори. Гостите имаа можност да се запознаат со понудата, да добијат стручни совети и да искористат промотивни понуди.

Новата продавница нуди богат избор на лична заштитна опрема: работна облека, заштитни обувки, шлемови, очила, зимски јакни, спортска опрема и други производи, при тоа обезбедувајќи и професионална поддршка на лице место. Outlet концептот ја прави професионалната заштита подостапна за поширока публика, потврдувајќи пораката на „Армор Плус“: „Безбедноста треба да биде достапна за секого“.

„Армор Плус“ веќе над 20 години успешно работи на македонскиот пазар, а од 2010 година е дел од реномираната Пастор групација. Компанијата е официјален застапник на водечки европски брендови како „Pastor TVA“, „Delta Plus“, „Dräger Safety“, „Fal“, „Holmatro“, „Erreà Sport“, „Vallfirest“, „Giasco“ и „Sioen“. Специјализирана е за производство и набавка на заштитна опрема, со фокус на противпожарна опрема и униформи за пожарникари, секогаш според највисоките европски стандарди за безбедност и издржливост.

Со отворањето на Outlet продавницата, „Армор Плус“ го зацврсти својот придонес во градењето култура на одговорност и заштита, како на работното место, така и во секојдневниот живот.

Exit mobile version