дома Занимливости 45% од жените се очекува да бидат “single” и без деца до...

45% од жените се очекува да бидат “single” и без деца до 2030

Сподели го ова:

45% од жените се очекува да бидат „сингл“ и без деца до 2030 година, по неодамнешна проекција која се однесува за САД.
Неодамнешните податоци предвидуваат дека 45% од жените на возраст меѓу 25 и 44 години ќе бидат „сингл“ и без деца до 2030 година. Бројот на слободни жени во САД се очекува да расте за 1,2% секоја година.

Нашата култура ни кажува дека жената која не е мажена и нема деца е моќна, самостојна и целосно одговорна за својот живот. За мажите од друга страна начесто се зборува дека не ги исполнуваат критериумите на жените и се осамени. Жената го избегна непотребниот товар да создаде и подигне семејство и да биде „роб“ на својот сопруг. Барем така не убеди нашето општество. За жал, многу жени го прифатија модерниот феминистички начин на живот и избраа да практикуваат “Casual sex”, да го абортираат своето бебе ако неочекувано забременат и тешко да се заколнат на брак. Но, овие културни трендови ќе имаат огромно влијание врз иднината на американското општество. Морган Стенли проценува дека 45% од жените во нивните „најдобри работни години“ (од 25 до 44 години) ќе бидат сами и без деца до 2030 година.

person holding white happy birthday throw pillow

Во 2019 година, Морган Стенли објави статија во која го наведува влијанието на жените врз американската економија. Бројот на „жени на работоспособна возраст“ во САД постојано се зголемува, а повеќето од нив се “single” и целосно фокусирани на својата кариера. Овие жени ќе продолжат да имаат поголема застапеност во работната сила, помагајќи да се зголемат платите и да се надмине јазот помеѓу машките и женските плати.

Економистот Елен Зентнер објасни: „Во минатото, образованието или изборот на професии во голема мера го поттикнуваа јазот во платите. Денес, мајчинството е убедливо најголемиот придонесувач за јазот во платите, бидејќи жените кои стануваат мајки често одлучуваат да престанат да работат или да работат помалку часа.

Но, изгледа дека ќе има се помалку мајки во следните неколку децении бидејќи жените ќе изберат да се посветат на работа наместо да основаат семејство. Бројот на самохрани жени во САД се очекува да се зголемува за 1,2% секоја година од 2018 до 2030 година, во споредба со зголемувањето од 0,8% за целокупното население. Ова најверојатно ќе резултира да 45% од жените на возраст меѓу 25 и 44 години да бидат “single” и без деца до 2030 година. Ова е зголемување од 41% од жените во таа возрасна група кои се сами и без деца во 2018 година.

„Овие променливи норми на животниот стил им овозможуваат на повеќе жени, со или без деца, да работат со полно работно време, што треба да продолжи да ја зголемува стапката на учество во работната сила кај “single” жените“, вели Зентнер.

Самохраните жени трошат повеќе од просечното семејно домаќинство, особено кога станува збор за патување, ноќен живот, јадење надвор, нега на кожа и убавина, шопинг, итн. Така, се разбира, економистите ќе се обидат да го стават во позитивно светло дека речиси половина од жените се „single“ и без деца. Тоа може да биде добро само за економијата.

Сепак, малкумина размислуваат за негативното влијание што ова ќе го има врз поширокото општество.Истражувањата исто така покажуваат дека жените кои се немажени и без деца имаат тенденција да се борат повеќе со ментални болести и чувство на самодоверба. Самите и бездетни жени можеби купуваат повеќе работи во трговскиот центар и патуваат на разни места, но по која цена на долг рок?
Основата на секое здраво општество е традиционалното семејство и тажно е да се помисли дека во иднина ќе гледаме сè помалку семејства – што секако значи помалку деца и среќни брачни парови. Во меѓувреме, младите жени во нивните „работни години“ се посветуваат на кариера и на шеф кој навистина не се грижи за нив, имаат промискуитетен секс што има негативно влијание врз нивното ментално здравје и го пропуштаат вистинското, доживотно исполнување, што доаѓа со тоа да се биде сопруга и мајка.
Текстот е преземен од следниот линк.

Exit mobile version
Skip to content