Технолошко-Металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје организира работилница со наставници од средните училишта во Македонија за традиционалниот натпревар за материјали и нано-материјали во кој учествуваат ученички тимови од сите средни училишта. Овој натпревар, ТМФ го организира од 2013 година.
Првата средба ќе се одржи во петок (15.12.2023 година) со почеток во 11 часот на Технолошко-Металуршкиот факултет.
Ова е традиционален натпревар за материјали и нано-материјали во кој учествуваат ученици од 3 и 4 година од сите средни училишта во државата. Тимовите се составени од 2 до 3 ученика и професор – ментор. Ученичките тимови подготвуваат проект за материјали и избраната идеја ја презентираат пред стручна комисија, која ги наградува најдобрите идеи. Во текот на годината се организираат регионални натпревари (во неколку региони) и Републички натпревар. Добиените државни награди и сертификати се признати од Министерството за образование и наука и учениците со нив може да аплицираат за стипендии.
Натпреварот се организира под покровителство на Министерството за образование и наука.