Aмбасадата на Република Словенија во Северна Македонија, заедно со Здружението на словенечки и македонски претприемачи, Стопанската комора на Северна Македонија, Институтот за стратешки решенија и Спирит Словенија, организираат бизнис форум насловен “The water is rising: Running a Business while Managing Crises”, што ќе се одржи во среда, 7 февруари 2023 година, во 10 часот во хотел Мериот, Скопје
Една од темите на форумот ќе биде и економската интеграција на Западен Балкан со ЕУ. Целта на настанот е да се разгледа влијанието на словенечките компании во Северна Македонија, да се изнајдат синергии за идна соработка и да се сврти вниманието кон сите постоечки и очекувани локални и глобални предизвици.
Годинешниот настан во Скопје ќе го разгледа влијанието на климатските промени и геополитиката врз управувањето со ризици и бизнисот. Како можеме да ја дешифрираме динамиката на ризикот што брзо се развива во денешниот свет? Како глобалните настани влијаат на нашата локална средина и регион?’
Настанот ќе се одржи на англиски јазик.
Медиумите се поканети да го покријат настанот.