Шведската амбасадорка Ами Ларсон Џејн изврши посета на Диаверум, на огромно задоволство на вработените и менаџерскиот тим.
Амбасадорката и нејзиниот тим, имаа можност непосредно да се запознаат и да го видат текот на скрининг проектот за пациенти во ризик од хронично бубрежно заболување.
Скрининг проектот, Диаверум го реализира на 9 локации во 8 градови, во соработка со Министерството за здравство.
Посетата беше реализирана во просториите на Диаверум во Визбегово, каде што при директна средба со пациенти, гостите беа сведоци за вистинската грижа насочена кон пациентите што Диаверум ја обезбедува.
Оваа посета и вниманието од страна на Шведската амбасадорка Ами Ларсон Џејн, укажуваат на препознавањето на професионалноста и целокупната работа што Диаверум ја испорачува кон своите пациенти.