Дома Вести Сојузот на Лајонс клубови со нова енергија и лидерство ја започна лајонистичката...

Сојузот на Лајонс клубови со нова енергија и лидерство ја започна лајонистичката година

5
0

Со одржување на првиот неформален состанок, Сојузот на Лајонс клубови официјално го означи почетокот на новата лајонистичка година 2025-2026.

На состанокот, присутните  им посакаа добредојде на новите членови, кои за прв пат се вклучуваат во работата на тимот кој раководи со Сојузот на Лајонс клубовите. Беше истакнато дека новата енергија, младоста и ентузијазмот што тие ги носат, комбинирани со умешноста и знаењето на поискусните  членови се здрав темел за иднината.

Новата гувернерка на Сојузот на Лајонс клубови, Маја Костовска, ја презеде оваа одговорна функција со јасна визија, силна мотивација и подготвеност да го води Сојузот на Лајонс клубови кон нови достигнувања, прилагодени на новите времиња и на светот кој се менува со молскавична брзина.

Промените носат со себе бескрајни можности, но и непредвидливи предизвици со кои не сме се сретнувале во минатото. Но, нагласи таа, мисија на лајонсите: да служат и помагаат секому, насекаде, на секој начин и секојдневно – никогаш не се менува.

Костовска истакна дека она што беше потребно и доволно вчера, или е доволно денес, можеби нема да биде доволно утре. Едно е сигурно, нашите заедници ќе бидат исправени пред нови предизвици и потреби.

Затоа, лајонсите реба да бидат иновативни и флексибилни, да бараат нови алатки и начини како со своето  волонтирање не само да ги помагаат, туку и да ги зајакнуваат ранливите групи на наши сограѓани.

Гувернерката Маја Костовска ја истакна важноста на соработката, потенцирајќи дека секој член, секој клуб и секоја иницијатива придонесуваат кон заедничката цел – да служиме таму каде што има потреба.

Настанот помина во позитивна атмосфера, полна со енергија и идеи, со јасна порака дека оваа година ќе биде година на дејствување, поврзување и инспирација. Клубовите и членовите се подготвени за уште посилна акција во служба на заедницата и хуманите вредности што ги обединуваат 1,4 милиони Лајонси во повеќе од 200 земји ширум светот.